Практични искуства со неколку термопластични маси во стоматолошката протетика

Panov, Antonio and Saklev, Blagoj (2013) Практични искуства со неколку термопластични маси во стоматолошката протетика. Medicus, Информативен гласник на јавното здравство - Штип, 8 (18). p. 12. ISSN 1857-5994

[thumbnail of prakticni iskustva so nekolku temoplasticni masi.pdf] Text
prakticni iskustva so nekolku temoplasticni masi.pdf
Restricted to Registered users only

Download (155kB) | Request a copy
[thumbnail of Prakticni iskustva so nekolku termoplasticni masi.pdf] Text
Prakticni iskustva so nekolku termoplasticni masi.pdf - Published Version
Restricted to Registered users only

Download (898kB) | Request a copy

Abstract

Основна цел на стоматолошката протетика е целосна реконструкција и рехабилитација на беззабиот пациент со соодветно протетско помагало. Тежнееме да обезбедиме што подобра функционална и естетска хармонија во устата на пациентот, т.с.т. поквалитетно протетско помагало. Кај тоталното протезирање тоа значи да се изработат цели тотални протези кои ги заменуваат изгубените заби и ресорбираните вилични гребени. Гледано развојно постојат повеќе проблеми во работењето. Научната мисла, развојот на стоматолошката технологија и материјалите дават прифатливи резултати. Се трудиме во сите фази на изработка на тоталните протези да постигниме подобри резултати. Особено се нагласува отпечатувањето на биолошкота основа-лежиште на идната тотална протеза. Самото отпечатување, гледано пректично и дидактички е поделено на неколку фази, кои практично се надополнуваат и се една целина во работењето. Акцентот е ставен на така наречениот функционален отпечаток. Истиов се зема со индивидуална лажица и соодветна отпечаточна маса. Оваа проблематика е позната повеќе децении. Воведени се поусовршени материјали. Меѓутоа основните практични моменти остануваат, како што е формирањето на вентилниот раб. Тој се формира најчесто со термопластична маса. На овие простори за оваа намена беше се оддомаќила термопластичната маса Купровент производ на Галеника, Р. Србија. Меѓутоа истава маса-Купровент подолг период ја снема на пазарот, оставајќи празнина. Се појавиа други термопластични маси за истата намена, кои се недоволно познати. Токму ова е цел на пишаниов труд, да се дадат основни клинички размислувања, компаративни искуства, за примена на неколку други термопластични маси присутни на нашиов македонски пазар, а не да се објаснува самата постапка на формирање на вентилниот раб, кој се прави како рутинска постапка.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Antonio Panov
Date Deposited: 13 Nov 2013 14:41
Last Modified: 13 Nov 2013 14:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7898

Actions (login required)

View Item View Item