Фактори за развој на перманентна опструкција на дишните патишта кај пациенти со тешка астма

Debreslioska, Angela and Tofilovska Josifovska, Svetlana and Marolov, Stojan and Velkoska Nakova, Valentina and Kocev, Trajce (2012) Фактори за развој на перманентна опструкција на дишните патишта кај пациенти со тешка астма. Книга на апстракти . p. 90.

[thumbnail of Abstract book.pdf]
Preview
Text
Abstract book.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Реверзибилност на опструкцијата и
бронхијална хиперреактивност се обележја
на астмата како заболување. Но кај дел од
пациентите се развива перманентна опструк-
ција на дишните патишта која не реагира на
стандардната терапија, има поизразен мор-
бидитет, присуство на коморбидитети и лош
исход.
Мотив и цел. Дефинирање на факторите кои
придонесуваат кон појава на иреверзибилна
опструкција и можност за нивно модифицирање
би било значајно во превенирање на
морбидитетот кај пациентите, поради што се
обидовме да ги утврдиме ризик факторите за
појава на перманентна опструкција, и разликите
во однос на пациентите со реверзибилна
опструкција на дишните патишта.
Материјал и методи. Спроведовме ретроспек-
тивна студија во која вклучивме 70 пациенти
заболени од тешка астма, кои во текот на
2010 и 2011 година се лекувале амбулантски
или болнички на Интерно одделение во
Клиничка болница Штип. Испитаниците беа
на возраст над 14 години, со најмалку еден
респираторен симптом: диспнеа, кашлица,
продукција на спутум или визинг подолго од
три месеци, секојдневни симптоми и чести
ноќни симптоми, чести егзацербации и FEV1
помалку од 60% од предвидената вредност.
За реверзибилна опструкција се сметаше
доколку постои подобрување на FEV1 најмалку
12% после инхалација на бронходилататор.
Пациентите беа поделени во две групи, прва
група со перманентна опструкција на дишните
патишта и FEV1/FVC < 0.7 на најмалку две
последователни спирометрии, и втора група со
реверзибилна опструкција и FEV1/FVC > 0.7. Ги
бележевме должината на траење на болеста,
возраст на заболување, број на егзацербации,
присуство на риносинузитис, атопичен статус
и резултати од лабораториски тестови. Потоа
ги споредивме сите параметри помеѓу двете
испитувани групи за да утврдиме значајни
разлики помеѓу истите.
Резултати. Од вкупно 70 испитаници, 36
(51%) имаа перманентна, а 34 (49%) имаа ре-
верзибилна опструкција на дишните патишта.
Испитаниците со перманентна оп-струкција
беа значително постари (59,7 години) од оние
со реверзибилна опструкција (48,2 години) и
повеќето беа мажи (64%), со подоцна возраст
на заболување (47,5 години) во однос на
испитаниците со реверзибилна опструкција
(37,7 години) и имаа подолг пушачки стаж
(30 pack-years) во однос на испитаниците со
реверзибилна опструкција (14 pack-years). Ри-
носинузитисот пак беше значајно почест кај
испитаниците со реверзибилна (63%) отколку
кај испитаниците со перманентна опструкција
(47%). Не утврдивме значајни разлики во однос
на бројот на егзацербации, БМИ, атопичниот
статус, ниту значајни групни разлики во ла-
бораториските анализи (ИгЕ, ЦРП, крвна сли-
ка, леукоцитна формула). Како најзначаен
независен ризик фактор за иреверзибилност
на опструкцијата се покажа пушењето, исто и
долготрајна болест над 15 години и отсуство
на риносинузитис.
Заклучок. Утврдивме дека подолго траење
на болеста без пропратен риносинузитис
и пушење се ризик фактори за развој на
иреверзибилна перманентна опструкција на
дишните патишта кај пациенти со тешка астма
и прекин на пушењето може да има значаен
бенефит за овие пациенти. Треба да се раз-
бере хетерогеноста на пациентите со тешка
астма, и со понатамошни истражувања кои би
ги разјасниле механизмите на настанување на
разните субтипови би можело да се превенира
напредувањето на опструкцијата и нејзините
последици.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Valentina Velkovska
Date Deposited: 04 Nov 2013 09:03
Last Modified: 04 Nov 2013 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7828

Actions (login required)

View Item View Item