Nikolov, Elenior and Cvetkovski, Ivica and Gelev, Saso (2013) Моделирање на процесот на водење евиденција за извршени гаѓања, потрошувачка на муниција и обученост на единиците на АРМ. In: XI Меѓународна конференција ЕТАИ 2013, 26-28 Sept 2013, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
A2-4.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предмет на овој труд е дизајнирање на база на податоци во Microsoft Office Access за потребите на Армијата на Република Македонија. Фокусот во трудот е позициониран на изработката на апликација во Microsoft Office Access за водење на евиденција на извршените гаѓања од вооружувањето на АРМ, потрошувачката на муниција при реализација на истите и обученоста на единиците на АРМ во ракување со личното и/или колективното вооружување.
Апликацијата во овој труд дава ефикасен механизам за анализа на извршените гаѓања, потрошувачката на муниција и резултатите на единиците и секако, подготвувањето на извештаите потребни за понатамошното планирање на идните гаѓања и обуката во целост.
Со помош на добиените информациите, командантите и командирите можат да планираат, организираат, подготвуваат, обучуваат, проценуваат, оценуваат и ја надгледуваат огнената обученост на единиците, се со цел да се има добро обучени и секогаш подготвени поединци и единици, пред се за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, сувереноста и незивисноста на Република Македонија и заштита на нејзиното население.
Клучни зборови: Гаѓање, воена обука, анализа, обученост, база на податоци, MS Access
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Saso Gelev |
Date Deposited: | 22 Oct 2013 18:11 |
Last Modified: | 22 Oct 2013 18:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7691 |
Actions (login required)
View Item |