Криминолошки обележја на македонскиот економски криминалитет низ податоците на органите на казнениот прогон

Nanev, Lazar (2008) Криминолошки обележја на македонскиот економски криминалитет низ податоците на органите на казнениот прогон. Здружение за кривично право и криминологија на Македонија, 2-3 (1). pp. 553-591. ISSN 1409-5327

[thumbnail of nanev - 2-2008.pdf]
Preview
Text
nanev - 2-2008.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Општиот пристап кон економскиот криминалитет само ги отвори сложените научни и теоретски проблеми со кои се среќава современата криминологија како наука за криминалитетот кога е во прашање економскиот криминалитет. Во обидот наведените проблеми како и научниот пристап да го поставиме во еден методолошки пристап што обезбедува логичност и систематичност ќе направиме обид да ги изведеме оние основни детерминанти што го определуваат научното значење за изучувањето на овој криминалитет и објаснувањето зошто е тоа така.
Тезата дека економскиот криминалитет неговиот обем, распространетоста, феноменолошките облици и структури што се јавуват како негови носители се најдобар и најсигурен показател за состојбите во даденото општество при што доживува повеќекратна емпириска проверка и потврда за така определеното место на овој криминалитет и целата историја на развојот на општетството. Со сигурност може да се тврди дека нема период, нема етапа, односно фаза од развојот на човековото општество , во кое непостоел економски криминалитет, било да е тоа класно или без класно општество. Не е далеку тврдењето дека економскиот криминалитет е еден од битните елементи на структурата на криминалитетот и детерминанта на структурата на вкупниот криминалитет, на структурата на општеството бидејќи тој произлегува и определен е од економската, социјалната, правната, политичката и социјалната структура на општеството.
Во ова статија ќе се обидеме проблемот на дефинирањето на економскиот криминалитет да го преставиме како општествен проблем.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 04 Oct 2013 13:10
Last Modified: 04 Oct 2013 13:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7652

Actions (login required)

View Item View Item