Спортот во општеството

Nanev, Lazar and Anastasovski, Ivan and Stojanoska Ivanova, Tatjana and Velickovska Aleksovska, Lence (2013) Спортот во општеството. Спортот во општеството, 1 (1). ГИ Глобал, Куманово. ISBN 978-608-65474-1-7

[thumbnail of СПОРТОТ ВО ОПШТЕСТВОТО.pdf]
Preview
Text
СПОРТОТ ВО ОПШТЕСТВОТО.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во Република Македонија постои основа за институционално решавања на спортот и спортските организации (федерации, клубови и здруженија), сузбивање на коруптивните активности во спортот, решавање на пороблемот со кадровскиот потенцијал и организацискта поставеност на спортот, негово законско и системско организирање како и воспоставување на нов менаџерски курс во спортот и спортските организации.
Прогресот на човекот и општеството се одвива мошне брзо и реално би било да се претпостави дека сите овие промени ќе донесат позитивности кај луѓето, односно човекот се повеќе ќе ги надминува своите слабости и ќе се трансформира во вистинско морално битие, кое во секое свое однесување ќе се води од принипите на човечноста и етичноста.
Можеме со сигурност да кажеме дека интересот на спортот и спортските организации во Република Македонија е значително зголемен и му се дава се поголемо значење на истиот. Иако досегашниот институционален интерес не бил на потребно ниво, секогаш спортот и спортските организации како општествена дејност биле маргинаизирани за корист на некои други општествени области во кои државата гледала поголем интерес. Затоа во оваа пригода се истражуваат интересот на нашите граѓани за спортот и спортските организации без оглед на нивната верска, социјална, полова, образовна и друга припадност, за да се укаже на темелните начела во согласност со кои ќе може да се унапредат систем-атското истражување и анализа и да се предложи насочувачка типологија.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 04 Oct 2013 13:26
Last Modified: 04 Oct 2013 13:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7651

Actions (login required)

View Item View Item