Хибридна Концентрирачка Сончева Термоелектрана во ТЕ Битола - Анализа на Tрошоци и Придобивки - Дел II

Cvetkovski, Saso and Cingoski, Vlatko and Nikolov, Igor (2013) Хибридна Концентрирачка Сончева Термоелектрана во ТЕ Битола - Анализа на Tрошоци и Придобивки - Дел II. In: 8 Советување - МАКО-СИГРЕ, 22-24 Sept 2013, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of MAKO-CIGRE 2013 - clanak br-2.pdf]
Preview
Text
MAKO-CIGRE 2013 - clanak br-2.pdf

Download (687kB) | Preview

Abstract

АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), отпочна со развој на проект за концентрирачка сончева електрана во близина на термоелектраните на РЕК Битола (ТЕ Битола). За изработка на проектната документација ЕЛЕМ ангажираше конзорциум составен од реномираната француска консултантска компанија Artelia и француска консултантска компанија Carbonium, посветена на развој на проекти со согласност со Механизмот за Чист Развој (CDM) [1].
Цел на проектната задача доставена до консултантите беше изработка на сеопфатна компаративна анализа, избор на оптимално техничко решение и концептуален проект на изградба на хибридна концентрирачка соларна централа на локација блиска до ТЕ Битола. При тоа беше водено предвид новиот проект во себе да ги обедини најдобрите можности за интеграција на новопроектирана сончева електрана во постоечката конвенционална термоелектрана ТЕ Битола која работи на домашен лигнит.
Техничките аспекти и анализи во врска со можностите за реализација на ваков хибриден проект како и можната технологија која евентуално би се користела се опишани во комплементарниот труд [2].
Во овој труд презентирани се дел од добиените резултати од деталната економската и финансиската анализа на Проектот за изградба на хибридна концентрирачка сончева електрана во ТЕ Битола. При извршената анализа на трошоци и придобивки, посебен акцент е посветен на неколку специфични детали, меѓу кои како најважни ги сметаме следните два:
 Вредноста на предвидена инвестиција и трошоци за работење и одржување, единечни цени на електричната енергија и топлинската енергија, како и нивна споредба со други традиционални пристапи кај кои исто така се користи сончева енергија, и
 Физибилност на проектот, земајќи ги во предвид приходите од продажбата на електричната енергија, како и приходите од продажба карбонските кредити за намалени емисии на стакленички гасови според Механизмот за Чист Развој (CDM).

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 30 Sep 2013 10:00
Last Modified: 30 Sep 2013 10:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7582

Actions (login required)

View Item View Item