Правда, јавност и доверба

Nanev, Lazar and Buzarovska - Lazetik, Gordana and Arnaudovski, Ljupco and Sofronievska, Lence (2006) Правда, јавност и доверба. Правда, доверба и јавност, 1 (1). SPPMD, SPPMD Kavadarci. ISBN 9989-9968-4-9-9-5

[thumbnail of 2 Правда, доверба, јавност.doc] Text
2 Правда, доверба, јавност.doc

Download (778kB)

Abstract

Копенхагенските критериуми јасно ги утврдуваат условите за членството во Европската унија, особено потенцирајќи ја стабилноста на институциите кои ги гарантираат демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите права и малцинствата.
Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, нашата земја се определи за крупни реформски зафати, особено во правосудниот систем, со цел за јакнење на независноста на судството и зголемување на неговата ефикасност со модернизација на работата на судовите.
Една од клучните задачи за подобрување на судскиот систем во РМ е обезбедувањето транспарентност, одговорност и пристап на јавноста до судскиот процес, инфраструктурата и информатичката технологија во судовите, како и изготвување стратегија за информирање на јавноста.
Слободниот пристап на информациите во Република Македонија е загарантиран со Уставот на Република Македонија. Така со член 16 од Уставот се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и слободата на јавното изразување на мислата. Според став 3 од овој член, се гарантира слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информациите.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 23 Sep 2013 14:21
Last Modified: 23 Sep 2013 14:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7507

Actions (login required)

View Item View Item