Mojsov, Kiro (2013) Практикум по органска хемија за технолози (за студентите на Технолошко-техничкиот факултет). ISBN 978-608-4708-25-4.
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Потребата за изработка на Практикум по органска хемија за технолози е голема, пред сè, за да може студентитена Технолошко-техничкиот факултетпри Универзитетот „Гоце Делчев“‒ Штип да добијат солидна подготовка за работа во органска лабораторија и изведување на практичните лабораториски вежби прилагодени кон Предметната програма за курсот по Органскахемија. Книгата содржи општ дел, изолација и чистење на органски соединенија, идентификација на непознато органско соединение и спектроскопски методи на органска анализа.
Општ дел:
- запознавање на студентите со општите упатства и мерки на сигурност во текот на работата во органска лабораторија и прва помош во случај на повреда;
- основни лабораториски садови и прибор, апарати и техника, како и нивна употреба и одржување;
- најнеопходни теоретски објаснувања, како и практични упатства за експериментална работа со апаратурите.
Изолација и чистење на органските соединенија:
- прекристализација;
- сублимација;
- екстракција;
- дестилација;
- хроматографија;
- пресметување на принос.
Идентификација на непознато органско соединение:
- прелиминарни прегледи (физички константи и степен на чистота);
- проба на согорување;
- докажување на елементите (N, S, X, P);
- инструментална органска анализа на елементите (C, H, N, S и O);
- одредување растворливост на соединение;
- одредување на функционалните групи на соединение;
- методи на синтеза на деривати на органско соединение.
Спектроскопски методи на органска анализа:
- Ултравиолетова и видлива спектроскопија (UV/VIS);
- Инфрацрвена спектроскопија (IR);
- Mасена спектрометрија (MS);
- Нуклеарно-магнетна резонанција (NMR).
Овој практикум во прв ред е наменет за студентите од Технолошко-техничкиот факултет, но тој исто така може да ги задоволи потребите на сите студенти кои имаат потреба од работа во органска лабораторија.При составувањето на овој практикум користени се познати практикуми и учебници.
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на практикумот, проф. д-р Југослав Зибероски и проф. д-р Мирче Наумовски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во оформувањето и дополнувањето на практикумот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Chemical sciences |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Kiro Mojsov |
Date Deposited: | 23 Sep 2013 14:20 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 08:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7504 |
Actions (login required)
View Item |