Sumanov, Gorgi and Panova, Gordana and Velickova, Nevenka and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana (2013) Состојбата на неонаталниот тетанус во Р. Македонија. In: 3-ти Конгрес на гинеколози и акушери на Македонија, 13-15 May 2013, Охрид.
Preview |
Image
неонатален тетанус.jpg Download (322kB) | Preview |
Preview |
Text
apstract book-restricted.pdf Download (238kB) | Preview |
Abstract
Вовед: Тетанусот отсекогаш го привлекувал вниманието на луѓето, најмногу заради тешката клиничка слика и екстремно високиот леталитет. Убиквитарноста и големата отпорност на причинителот на заболувањето ја оневозможуваат ерадикацијата на оваа болест. Во денешно време постојат можности само за одреден степен на елиминација (редукција на морбидитетот) или потполна елиминација на болеста, кои се во корелација со ефикасноста на преземените превентивни мерки. Во 1989 година СЗО предвиде елиминирање на неонатален тетанус (НТ) на глобално ниво до 1995 година. Оваа цел не беше реализирана, поради бавното спроведување на препорачаната стратегија за елиминација на НТ, заради што следуваа презакажувања за 2000 и 2005 година.
Цел и методи: да се согледаат епидемиолошките карактеристики на неонаталниот тетанус во Р. Македонија, како и да се процени и прикаже состојбата на неговата локална и глобална елиминација. Применет е дескриптивниот епидемиолошки метод со статистичка обработка и анализа на податоците. Оваа студија се темели на годишните извештаи за движењето на заразните болести на Институтот за јавно здравје на РМ-Скопје и извештаите на СЗО во врска со елиминацијата на неонаталниот тетанус на глобално ниво.
Резултати: Во 2010 год. на глобално ниво, од НТ се починти 58.000 новороденчиња. Иако напредокот во однос на глобалната елиминацијата на НТ продолжува, до ноември 2012 година, НТ сéуште се регистрира во 31 земја. Во Р.Македонија во периодот 1966-2000 година се регистрирани 259 новороденчиња со НТ, со просечен годишен морбидитет од 19,5%, што претставува 66,7% од вкупниот број на заболени и 70,3% од умрените, а леталитетот изнесува 42,1 %. Редукцијата на морбидитетот се одвива со различно темпо. Во периодот 1986-1995 година учеството на НТ изнесува 38,1% од вкупниот број на заболени, што претставува намалување во однос на предходната деценија за 35,3%.
Заклучок: Денес тетанусот не претставува епидемиолошки проблем за Р.Македонија, благодарение на ефикасното спроведување на мерките од примарната превенција. Овие мерки треба да се спроведуваат континуирано, како за стекнување, така и за одржување на состојбата на потполна елиминација на тетанусното заболување, бидејќи потенцијални, нови случаи на тетанус се можни секогаш и во секоја средина.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 05 Sep 2013 09:43 |
Last Modified: | 01 Dec 2014 15:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7164 |
Actions (login required)
View Item |