Markoska, Nadica (2013) Семиологија на виното во италијанскиот јазик. Литературен збор (1-3). pp. 93-101. ISSN 0024-4791
Preview |
Text
Семиологија на виното во италијанскиот јазик - м-р Надица Маркоска 1-3 2013.pdf Download (376kB) | Preview |
Abstract
Историјата на виното е повеќе или помалку историја на човештвото. Секоја цивилизација има свој историјат за виното. Најстарите траги за одгледување на виновата лоза како и производство на вино се забележани на брегот на Каспиското Море и во источна Турција.
Во Античка Грција виното се сметало за дар од боговите, поточно виното го создал богот Дионисиј. Преку Грците и Феникијците, виното навлегува во Европа, особено во Италија, Франција и Шпанија кои се сметаат за лулката на виното.
Етимологијата на терминот вино потекнува од латинскиот збор vinum иако се смета дека коренот води потекло од санскритот, поточно од глаголот vena (сака). Од овој глагол води потекло и зборот Venus (Венера).
Виното претставува алкохолен пијалок кој се добива од ферментиран сок на грозјето коешто припаѓа на видот Vitis vinifera или од грозје кое е добиено со вкрстување на овој вид со други видови од родот Vitis. Виното исто така може да се добие и од други овошја и делови од растенија. Иако е познато уште од дамнешни времиња, виното не се пиело во оваа форма сè додека не се направени шишињата и тапата во доцниот XVII век.
Референтот „вино” односно претставата за виното содржи покрај денотативни референцијални семи и други семи кои не се од особено значење за неговото именување. (Никодиновски 2007). Тие семи се конотативни референцијални семи и токму тие се носители на фигуративните значења на виното.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nadica Negrievska |
Date Deposited: | 04 Sep 2013 09:16 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 08:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7125 |
Actions (login required)
View Item |