Концепт за зајакнување на општинските совети за превенција на малолетничкото престапништво

Nanev, Lazar and Buzarovska - Lazetik, Gordana and Kosevaliska, Olga and Ginovski, Mile and Gadzovska, Lefkija (2012) Концепт за зајакнување на општинските совети за превенција на малолетничкото престапништво. СППМП, Кавадарци. ISBN 978-9989-9968-0-1

[thumbnail of Општински совети за превенција на малолетничка деликвенција 1.pdf]
Preview
Text
Општински совети за превенција на малолетничка деликвенција 1.pdf

Download (443kB) | Preview

Abstract

Оваа публикација претставува една од алатките кои треба да овозможат на општината успешно и ефикасно формирање на Општински совет за превенција на малолетничкото престапништво, и да обезбеди имплементација на Законот за малолетничка правда во делот на превенцијата и перспективата на социјалниот развој и добросостојбата на детето.

Општа цел на оваа публикација е да им помогне на општините и на членовите на општинските совети за превецнија на малолетничкото престапништво во општините, да ги формираат општинските совети за превенција на малолетничкото престапништво, да изработат сопствени превентивни планови, како акциони за превенција од малолетничко престапништво, да се бараат начини за да се аплицира за финансиски средства со цел да се остварат предвидените активности и да се следи и евалуира спроведувањето на активностите.

Иако ги третираат модерните општества деликвентите- малолетници на помалку амбивалентен начин. Иако, кај повеќето земји од Европската Унија, е забележлива тенденцијата тежиштето да се префрла на инструментите за заштита и за превенција како посоодветен одговор на проблемите и на причините за појава на малолетничката деликвенција, сепак дел од земјите сè уште го употребуваат класичниот пунитивен модел или пак еден вид мешан модел кој во себе ги инкорпорира и превентивните и пунитивните инструменти.

Генералното расположение меѓу граѓаните во земјите-членки на Европската Унија варира во зависност од степенот на бруталноста и аморалноста на малолетничката деликвенција. Таквата ситуацијата доведува до тоа казнената политика да се води од дневните политички односи и без потребната емоционална дистанција и без потребните емпириски истражувања кои ќе го опфатат целиот систем на малолетничката правда.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 03 Sep 2013 09:02
Last Modified: 07 Aug 2015 07:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7043

Actions (login required)

View Item View Item