Структурна анализа на дисхармонијата во вертикална насока

Popovski, Stipica (2006) Структурна анализа на дисхармонијата во вертикална насока. PhD thesis, Универзитет „Св Кирил и Методиј“, Стоматолошки факултет, Клиника за ортодонција - Скопје.

[thumbnail of POPOVSKI Doktorat.pdf]
Preview
Text
POPOVSKI Doktorat.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Подобрувањето на надворешниот изглед на лицето на пациентите е цел на голема група на клиничари, вклучувајки ги и ортодонтите. Поставувањето на правилна дијагноза е еквивалент за успешен и брз третман, па затоа еден од постојаните елементи во размислувањето на секој ортодонт е зголемување на неговата ефикасност за поставување на точната дијагноза со што ќе се овозможи подобро структуриран третман што ќе кореспондира со анализираните малформации. Појавата на дентофацијалната неправилност во вертикална насока лесно може да се дијагностицира со помош на многубројните предложени методи за кефалометриска анализа меѓутоа тие многу ретко ни дозволуваат прецизно да ја одредиме положбата на горната и долната вилица во целокупниот нејзиниот фацијален контекст. Многу е тешко, скоро е невозможно прецизно да се дефинира вистинската природа на оваа диспропорција без истата да ја доведеме во врска со аголните корелации или со индуктивното резонирање. Правилната процена и утврдувањето на причинителот за појавата на дисхармонијата во вертикалната насока преку структурна анализа на дисхармонијата во вертикална насока со помош на телерентгенска анализа ќе биде предмет на оваа студија во обид да се даде одговор на оваа енигма. Следејки ги литературните научни сознанија за различните аспекти на главните карактеристики на повеќето кефалометриски анализи кои ја детерминираат појавата и перзистенцијата на дисморфоза во вертикалната насока се доаѓа до заклучок дека и покрај нивната исцрпност сепак изгледа дека е 5

невозможно со точност да се определи секој елемент на кранио-фацијалниот комплекс во вертикална насока. За остварување на зададените задачи и постигнување на поставената цел беа одредени нормалните параметри на сегментите во испитуваната регија, бидејки попрецизно е да се направи споредба на една вредност со друга вредност во иста фацијална структура отколку да се врши аголно или линеарно мерење на анализирана снимка. За детерминирање на нормалните вредности во вертикална насока беа изработени и анализирани 100 латерални радиографски снимки на деца од двата пола на возраст од 10-16 години. Кај испитаниците од испитуваната и од контролната група беа направени латерални рентгенокраниометриски снимки на главата На секоја телерентгенска беше направена анализа на паус хартија во стандардни услови: затемнета просторија, добро осветлено работно поле (негатоскоп поставен на маса) и со остар тврд молив беа отцртувани контурите на скелетните структури на лицевиот скелет. Од одредените вредности беа добиени податоците за положбата на инцизивите и моларите во вертикална насока на ниво на горните и долните сектори во однос со нивните коскени бази, положбата на максилата и мандибулата во крани-фацијалниот контекст, како и една друга вредност која е својствена за секој случај посебно, а тоа е севкупната предна височина на лицето која ни послужи како основа за нашите мерења. Добиените резултати од извршените анализи на профилните рентгенографски снимки беа внесени во персонален компјутер и со помош на “Аналисе-ит” - програмата за статистичка обработка, беа статистички обработени и беа одредени следните статистички 6 параметри: аритметичка средина Џ, стандардна девијација СД, т-тест за определување на разликите меѓу испитуваните групи. Оваа студија ни даде податоци за положбата на забите и на максилата во вертикална насока на ниво на горните и долните сектори на инцизивите и на моларите во вертикален правец во однос на базните структури како и положбата на секоја вилица во кранио-фацијалниот контекст. Правилната проценка на потеклото на ортодонтската аномалија, претставува основен принцип во ортодонтската дијагностика со што би се овозможило брз, ефикасен и правилен третман со одлични резултати. Ова е особено значајно при ортодонтскиот третман на тешките отродонски дисморфози како што се аномалиите во вертикална насока. Без сомнение е јасно дека екстраоралниот и интраоралниот преглед на пациентот го има приматот за детерминирање на малформациите во вертикална насока, но за правилна насока на ортодонтсиот третман потребно е да се открие самата природа на неправилностите во вертикална насока.

Item Type: Thesis (PhD)
Uncontrolled Keywords: вертикални дисморфози, ортодонтски аномалии, отворен загриз, длабок загриз.
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Stipica Popovski
Date Deposited: 26 Aug 2013 07:58
Last Modified: 26 Aug 2013 07:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7014

Actions (login required)

View Item View Item