Социјална перцепција - како фактор за добри меѓучовечки односи

Petrova Gjorgjeva, Emilija (2008) Социјална перцепција - како фактор за добри меѓучовечки односи. Зборник 2005-2008, Граѓанска асоцијација на учителите во Штип. pp. 31-35.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_emilija.petrova_Desktop_Социјална перцепција.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_emilija.petrova_Desktop_Социјална перцепција.pdf - Published Version

Download (2MB) | Preview

Abstract

Меѓучовечкиот однос е оној микроелемент на воспитните случувања од кој зависи успешноста на воспитната работа. Меѓучовечкиот однос е многу сложен процес, кој не можеме во целост да го рационализираме, ниту пак до крај да го објасниме. Во него постојат две нивоа на несвесното: интерперсонално (во поединците)и интерперсонално несвесно (меѓу поединците). Колку и да мислиме дека воспитанието е свесна активност, сепак многу нешта укажуваат на тоа дека неговата успешност зависи од невидливи, несвесни и ирационални сили, кои дејствуваат во полето на меѓучовечките односи. Од тоа произлегува и парадоксот: “Успешноста на воспитанието како свесна дејност зависи од дејствувањето на несвесни сили“.
Да имаш познавање на межучовечките односи, не е исто и да знаеш да владееш со нив. На наставникот т.е. на идниот воспитувач не му е доволно да има само знаење, туку и умеења во однесувањето, како и вештини за воспоставување и одржување на меѓучовечките односи. Се разбира, сето ова поставува посебни барања за оспособување на воспитувачот и воспитаникот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Emilija Petrova Gorgeva
Date Deposited: 26 Aug 2013 08:03
Last Modified: 26 Aug 2013 08:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6975

Actions (login required)

View Item View Item