Истражување на пазарот на чоколада за подобро конкурентско позиционирање на АД „Европа“ - Скопје

Jovanov, Tamara (2009) Истражување на пазарот на чоколада за подобро конкурентско позиционирање на АД „Европа“ - Скопје. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје, Економски факултет.

[thumbnail of Magisterski trud - tezi.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud - tezi.pdf

Download (324kB) | Preview

Abstract

“Благословени се тие кои размислуваат на долг рок“.
На пазарот, во турбулентното и променливо бизнис окружување, секојдневното менаџирање на работењето е невозможно да биде ефективно и ефикасно имплементирано, доколку е непознато и не се следи во секое време она што другите “играчи“ од нашата или слична област на делување го прават. Истражувањето на пазарот е алатка на маркетинг – менаџментот која го креира конкурентниот “разузнавачки систем“ преку идентификација и собирање на значајни податоци, организација на нивната анализа и примена на информациите во донесувањето на специфични маркетинг одлуки, што ѝ овозможува на организацијата да ја креира деловната и маркетинг стратегијата и да ги реализира поставените цели. Спротивно на она што би требало да биде, најголемиот дел од компаниите во Р. Македонија не го користат истражувањето на пазарот пред создавање на нивните деловни стратегии, а само неколку од нив го употребуваат истражувањето на пазарот во текот на нивното работење. Домашниот пазар на чоколада со години наназад е превземан од многу странски брендови, како Milka, Nestle, Dorina, итн., додека домашните компании како АД “Европа“, со 125 годишна традиција во производството, го губат пазарниот удел пред конкурентите со посилни стратегии и се принудени да продаваат на странските пазари, со постојано под просечно работење, занемарувајќи го притоа домашниот пазар и потрошувачи, тонејќи без истакнат бренд, поради усвоената стратегија на следбеник и имитатор на лидерите и донесувањето на одлуки претежно врз основа на интуиција и искуство, наместо базирани на истражување, факти и пазарни трендови. И, каде да бараме одговори? – Ги нарекуваат секундарни и примарни извори на податоци и користат разни методи да ги добијат – структурирани прашалници, фокус групи, тест – маркетинг – “плати да дознаеш, не плаќај за незнаење“. Еднаш, еден мудар човек ми рече: Не е важно ако само знаеш, она што навистина вреди е да знаеш како да го направиш тоа и да биде навремено, затоа што “...за малку...“ не се смета. Го почитувам Наполеон – знаел да осмисли стратегија, а ако ја немаш, време е да ја направиш! Креирај победничка стратегија! – Подели, па владеј! Избери ги вистинските луѓе, дај ги најдобрите производи, по најдобра цена, на вистинското место, и извести ги за тоа – јасно и гласно. Ќе ти платат за тоа и пак ќе те сакаат. Јас сакам чоколада, многу! И би сакала домашна, ако може!? А вие?

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 04 Jul 2013 09:15
Last Modified: 16 Aug 2018 07:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6770

Actions (login required)

View Item View Item