Оскултација на хидројаловиште Саса – М. Каменица

Golomeov, Blagoj and Krstev, Boris and Golomeova, Mirjana and Zendelska, Afrodita (2013) Оскултација на хидројаловиште Саса – М. Каменица. In: Third Congresss on Dam, 13-16 June 2013, Struga, R. Macedonia.

[thumbnail of Golomeov-ZMKGB_2013.pdf]
Preview
Text
Golomeov-ZMKGB_2013.pdf

Download (763kB) | Preview

Abstract

Јаловиштето на рудникот „Саса” во М. Каменица служи за одлагање на флотациската јаловина (пулпа) добиена со технолошкиот процес - флотација на минералите на олово и цинк. Флотациската јаловина преку пулповод гравитационо се доведува до јаловиштето, каде што пред депонирањето се класира на два производа. Со хидроциклонирање на флотациската јаловина, пред депонирањето се добива: песок од хидроциклонот, со кој, со природно одлагање, се изведува низводната брана на јаловиштето, и прелив од хидроциклонот, со кој се заполнува таложното езеро на јаловиштето. Низводната брана од песок на јаловиштето е предвидено да се насипува во влажна состојба, во слоеви од 2.5 м, со широчина во круната од 5.0 м, и со наклони на косините - возводна м1 = 1.5 и низводна м2 = 2.75, со надвишување од 2.0 м над таложното езеро.
Со техничката документација во текот на експлоатацијата на новото јаловиште се предвидени 3 (три) вида на набљудувања, и тоа: визуелни набљудувања, геодетски снимања и контролна оскултација (мерења).
Клучни зборови: јаловиште, оскултација, брана, хидроциклон, мерења, флотација

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Engineering and Technology > Civil engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagoj Golomeov
Date Deposited: 03 Jul 2013 12:47
Last Modified: 04 Aug 2015 10:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6764

Actions (login required)

View Item View Item