Корелациска зависност меѓу живородени деца и склучени бракови и живородени деца и разведени бракови во Република Македонија

Cabuleva, Kostadinka and Miceski, Trajko and Jovanov, Tamara (2009) Корелациска зависност меѓу живородени деца и склучени бракови и живородени деца и разведени бракови во Република Македонија. Годишен зборник 2009, 1. pp. 150-161.

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of КОРЕЛАЦИСКА ЗАВИСНОСТ МЕЃУ ЖИВОРОДЕНИ ДЕЦА.....pdf]
Preview
Text
КОРЕЛАЦИСКА ЗАВИСНОСТ МЕЃУ ЖИВОРОДЕНИ ДЕЦА.....pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Поврзаноста на наталитетот и развојот на општеството во целина е неминовна. Луѓето како носители и двигатели на општествените процеси се основата на која се градат сите односи. Раѓањето (наталитетот) претставува позитивна компонента во движењето на населението и тоа влијае на зголемувањето на населението, додека смртта е негативна компонента којашто влијае на намалување на бројот на населението на определена земја. Наталитетот има сериозни влијанија врз економијата. Намалениот наталитет воедно значи и помала работна сила и поголем број пензионери, кои своите пензии ќе треба да ги добиваат од малиот бројвработени. На тој начин на пазарот на работната сила се јавува недоволен број на работноспособно население. Наталитетот на населението ги опфаќа сите случаи на раѓање на деца, без оглед дали се живородени или мртвородени, но бидејќи само живородените деца претставуваат елемент за репродукција на населението, тогаш е потребно да се повлече точна граница меѓу живо и мртвородените.
Иако основниот и најважен природен прираст кој настанува во една популација е раѓањето (наталитетот), сепак денес во сите развиени земји, а и кај нас, тој бележи стагнација и опаѓање.
Без разлика што како најчести фактори за стагнацијата на наталитетот и за негативните движења во природниот прираст на населението, демографите и социолозите ги посочуваат лошата економска ситуација, традицијата, нивото на образование и миграцијата, сепак ние се согласуваме со погледите дека наталитетот е условен од следниве три групи на фактори и тоа:
– биолошки (пол, возраст, здравје, телесни чувства, брачна состојба итн.);
– економско-социјални (образование, личен доход, место на живеење
итн.);
– психолошки (личноста и претставата за себе, погледите, мотивацијата,
перцепцијата итн.).
Делувањето на овие фактори може да биде посредно и непосредно, односно долгорочно и краткорочно. Интензитетот на делувањето на овие фактори не е секогаш ист, туку се менува од факторот време. Иако не постојат определени законитости во делувањето на овие фактори се забележува дека влијанието на биолошките фактори се позначајни кај помалку развиените земји. Исто така, се забележува дека помалку развиените земји имаат поголема стапка на наталитет од развиените земји.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Kostadinka Panova
Date Deposited: 30 Oct 2012 09:44
Last Modified: 14 Nov 2012 14:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/67

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item