Jovanova-Mitkovska, Snezana (2008) Видови педагошки истражувања. Воспитание (списание за образовна теорија и практика) 2007/8. pp. 49-53.
Preview |
Text
Vidovi pedagoski istrazuvanja.pdf Download (211kB) | Preview |
Abstract
Предмет на истражување во областа на воспитанието и образованието можат да бидат бројни педагошки прашања и проблеми за чие истражување може да се користат различни извори и различни видови на факти. Во таа насока, а со цел да се одговори на потребите од осознавање на педагогијата и воспитанието, се користат различни видови на педагошки проучувања и истражувања.
Во овој труд ќе се задржиме на оние видови педагошки истражувања и проучувања кои најчесто се среќаваат во истражувачката теорија и практика како: фундаментални, теориски, применети, емпириски, развојни, акциони, социометриски, квантитативни, квалитативни.. Кој вид на педагошки проучувања и истражувања ќе се применува зависи од повеќе фактори меѓу кои: предметот, целта и задачите на истражувањето, видот на фактите кои ќе бидат собрани во истражувањето, логичко-методолошките постапки кои ќе се применат, материјалните, кадровските, временските и други услови. Во истражувањата кои се спроведуваат на подрачјето на восптанието и образованието често пати постои комбинација на видовите истражувања као дескриптивно-експликативни..што значи не постојат крути поделби. Сепак нивното разграничување овозможува увид во нивните специфичности, нивните карактеристики.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Snezana Jovanova |
Date Deposited: | 18 Jun 2013 14:11 |
Last Modified: | 18 Jun 2013 14:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6626 |
Actions (login required)
View Item |