Информациско – комуникациски технологии и спорт

Hristov, Risto and Gelev, Saso and Kaevik, Zorica (2013) Информациско – комуникациски технологии и спорт. In: Трета меѓународна конференција „Промените во глобалното општество“, 06-07 June 2013, Skopje.

[thumbnail of Informacisko komunikaciski tehnologii i sport.pdf]
Preview
Text
Informacisko komunikaciski tehnologii i sport.pdf

Download (964kB) | Preview

Abstract

Екстремно брзиот развој на информатичко-комуникациската технологија овозможи нејзина интензивна примена во сите пори од човечката активност.
Брзиот развој не го заобиколи ни спортот. Информатичко комуникациската технологија му дава поддршка на спортот во неколку насоки:
 On-line aквизиција, креирање, об работка, анализа и приказ на огромен број податоци кои му помагаат на спортистот/спортистите за квалитетно подобрување на изведувањето на тренизите, натпреварите и активностите надвор од спортските терени, односно брзината со која податоците се обработуваат овозможува водење на статистика за било какви цели,дали е тоа потребите на тренерите играчите или обичните гледачи.
 Со примената на техниката за анимирање „Фаќање на движењето“ (motion capture) и со ултра модерните камери кои можат да снимаат видеа во 3D технологија се доловуваат сите моменти од сите движења и позиционирањата на играчите. На тој начин се уочуваат сите неправилности при движењето на спортистите, се анализираат и превземат мерки за нивна корекција во насока на подобрување на спортските резултати и намалувања на повредите и нивно брзо лекувања како и лесни операции потпомогнати од компјутерски хирурзи.
 Компјутерските системи помагаат при намалување на судиските грешки. Имено, денешните системи како што се Соколовото око или технологијата за гол линија овозможуваат намалување на судиските грешки што овозможува поквалитетни натпревари.
Целта на овој труд е да направи анализа на примената на информациско-комуникациска технологија во спортот во Република Македониа и врз основа на оваа анализа, земајќи ги во предвид праксите во развиените
општества, да даде поттик за што поголема компјутерска поддршка на врвниот спорт.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 14 Jun 2013 08:15
Last Modified: 27 Sep 2013 07:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6584

Actions (login required)

View Item View Item