Petreski, Drage and Iliev, Andrej and Gјozo, Kemo (2012) Реформите во безбедносниот сектор во функција на мирот и перспективата на Македонија и непосредното опкружување. In: Меѓународна научна конференција за безбедност, 2012, Европски универзитет, Скопје.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Drage Petreski - Trudovi za UGD Repozitorium_Trud Drage Meg nauc konf Bezbed EvrUniv 2012.doc-4.pdf Download (789kB) | Preview |
Abstract
Најнапред, од голема важност е да се укаже дека концептот на реформа на безбедносниот сектор за многу кратко време стана вистински хит во земјите од нашето непосредно соседство и регионот, но истовремено во настојувањата да се дефинира и имплементира, се сведе на фраза под која можат да се разберат најразлични содржини. Што повеќе се зборува и пишува за тоа, сé е поголема дилемата што се подразбира во врска со таа работа, но постои консензус со неговата комплексност и мултидимензио-налност, но кога се доаѓа до неговата практична дефиниција и операционализација, проблемот ја добива својата вистинска тежина.
Наједноставниот начин на дефинирање би се свел на определбата дека безбед-носниот сектор има своја политичка и безбедносна димензија. Во контекст на докумен-тите кои се користат од страна на меѓународната заедница, безбедносниот сектор ги опфаќа оние владини институции кои имаат овластувања да употребат или наредат употреба на сила, присила или да лишат од слобода, но тука се вклучени и институ-циите кои имаат надлежност да ја заштитат државата и нејзините граѓани, како и оние цивилни структури кои се задолжени за надгледување, контрола и менаџмент со без-бедносните сили. Освен политичките институции, дефиницијата ги опфаќа и воените структури, разузнавачките служби, полицијата, пограничните структури, царината, судскиот и казнениот систем, како и парламентарниот, судскиот и административниот менаџмент и надзор над овие структури.
Реформите во безбедносниот сектор во Република Македонија и другите бал-кански земји се зависни од помошта на меѓународната заедница, во согласност со желбата за членство во НАТО и ЕУ и прифаќањето на евроатланските безбедносни правни норми и стандарди.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Предизвици, реформи, безбедност, стабилност, НАТО, ЕУ, членство. |
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Biljana Kosturanova |
Date Deposited: | 13 Jun 2013 14:25 |
Last Modified: | 13 Jun 2013 14:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6578 |
Actions (login required)
View Item |