Dojcinovski, Metodija and Ackoski, Jugoslav (2012) Менаџментот во одбраната и успешното владеење во демократиите. Меѓународно научно списание за одбрана, безбедност и мир „Современа македонска одбрана“, Скопје, Р. Македонија. ISSN 1409-8199
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_biljana.kosturanova_Desktop_Trudovi_Jugoslav Achkoski_Scientific Papers_elektronska verzija_Menagment vo odbranata i uspesno vladeenje vo demokratiite.pdf Download (358kB) | Preview |
Abstract
Трудот ги презентира основните карактеристики и поврзаноста помеѓу начинот на менаџирањето во одбранбениот сектор и остварувањето на успешно владеење во современите демократии. Принципите на остварувањето на менаџментот се дел од поголема група внатрешни и надворешни фактори, од коишто посебно би се издвоиле економските процеси, партиципацијата, владеењето на правото, транспарентноста, способноста за одговор, консензуалната ориентација, непристрасноста и вклучителноста, ефективноста и продуктивноста, одговорноста итн. Воедно, во трудот се даваат повеќе аспекти на влијанието и инволвираноста на цивилниот и граѓанскиот сектор во остварувањето на демократскиот процес.
Поред внатрешните фактори на влијанија, успешното владеење во голема мера зависи и од безбедносната состојба на национално регионално и глобално рамниште, каде значајно место заземаат заканите, ризиците и опасностите, при што се создава широк фронт на соработката со останатите сектори во спроведувањето на стратегиските анализи. Различните категории на изготвувањето на проценките за безбедност, опфаќаат димензии кои се однесуваат на физичките, технолошките, економските, социјалните и културните, правните, моралните, етничките, политичките и воените аспекти.
Трудот потенцира карактеристи на функционирањето на одбранбениот сектор во целина, како и специфичности на министертствата за одбрана во современиот свет, во однос на остварување успешно владеење и ефикасен менаџмент во одбраната во поширок безбедносен контекст.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Менаџмент, демократски процес, закани, ризици, успешно владеење, одбранбени ресурси, демократска контрола. |
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Biljana Kosturanova |
Date Deposited: | 11 Jun 2013 11:49 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 08:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6534 |
Actions (login required)
View Item |