Mitreva, Elizabeta and Filiposki, Oliver (2013) Менаџмент на мал и среден бизнис - скрипта. ISBN 978-608-4708-14-8.
Full text not available from this repository.Abstract
Потребата за изработка на е - скрипта по Менаџмент на мал и среден бизнис беше голема, пред сè за студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип со цел истите да се стекнат со основни знаења од областа на менаџментот со мал и среден бизнис.
При подготовката на текстот од комплементарна смисла е задоволена програмската ориентација на предметните основи на менаџментот и организацијата на малите и средни претпријатија. Целта и намената на ракописот е да ги подготви студентите да се здобијат со теоретски и практични знаења потребни за успешно совладување на студиската програма и нивната идна работа.
Апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторите имаа за цел да дадат осврт и свои согледувања за менаџментот на мал и среден бизнис, со едноставна мотивација, студентите и читателите да ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето, како од теоретски така и од практичен аспект.
Ја изразуваме нашата благодарност до рецензентите за нивните коментари и корисни предлози за подобрување на ракописот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 11 Jun 2013 07:38 |
Last Modified: | 15 Apr 2015 10:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6519 |
Actions (login required)
View Item |