Mladenoski, Ranko (2012) Делата на Мажовски, Цепенков и Прличев за Александар III Македонски. Годишен зборник на Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ ‒ Штип, III (3). pp. 189-196. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
Ranko Mladenoski tekst Zbornik 2012.pdf Download (394kB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува преглед и анализа на мемоарските и книжевно-уметничките дела на Исаија Мажовски, Марко Цепенков и Григор Прличев во кои се споменува славниот крал на античка Македонија, Александар III Македонски. Станува збор, имено, за Спомените на Мажовски, песната на Цепенков со наслов Мајка Македонија ги советува своите чеда да востанат против тиранијата на Турците, како и две слова (беседи, говори) на Прличев – Слово на св. Кирил и Методиј и Слово одржано во Охрид во 1883 година. Овие тројца наши културни и револуционерни дејци од 19 век се повикуваат на славата на Александар Македонски со цел да го поттикнат и да го зацврстат националниот, револуционерниот, но и просветниот дух на Македонците во нивното време. Тоа е време кога македонскиот народ, исто како и многу други народи на Балканскиот Полуостров и во Европа, тежнее кон создавање на своја самостојна, независна национална држава во нејзините јазични и етнографски граници.
Меѓутоа, покрај ова, во наведените македонски книжевни споменици од 19 век Александар Македонски ја има и улогата на интерактивен код на различните култури, а тоа значи дека на најславниот античко-македонски крал, покрај националниот, му се придава и еден општ, универзален карактер.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 21 May 2013 08:17 |
Last Modified: | 21 May 2013 08:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6347 |
Actions (login required)
View Item |