Boshev, Zoran (2011) Избор на оптимална локација за регионална депонија во Централно - источен регион на Република Македонија со методи на повеќекритериумско одлучување. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
Text
m-r Boshev Zoran.pdf Download (2MB) |
Abstract
Зголемувањето на бројот на населението, развојот и напредокот се неминовни, што директно влијае на поголемо користење на материјалните добра и на енергијата, се зголемува побарувачката и потрошувачката, што директно води кон зголемување на количинте на цврстите отпадоци од разни видови, но тоа не треба да значи дека животната средина мора да биде деградирана или пак уништена. Доколку човекот не превземе соодветни мерки за заштита на животната средина, таа ќе биде прекумерно искористена, загадена и уништена. Една од мерките за заштита на животната средина преставува депонирањето на цврстиот комунален отпад. Стратешките цели се засновани на постапно спроведување на општата шема за управување со отпадот, со којашто се дефинира концептот на техничката и технолошката рамка за управување со отпад, приспособена кон карактеристиките на животната средина. Во трудот се синтетизирани податоци за сегашната состојба со управувањето со отпадот во централно-источниот регион на Република Македонија, а пред сè постојните текови на отпад и практики на управување со отпад, како и националното и европското законодавството (политика) за управување со отпадот. Презентирани се и податоцитите за досегашните истражувања за избор на оптимална локација и карактеристиките на можните локации за регионална депонија во централно-источна Македонија. За најверојатните алтернативи извршена е детална анализа со помош на повеќекритериумските методи за одлучување при што како најсоодветна е користена AHP методата. Во завршниот дел презентирани се заклучоците од истражувањата, како доволна основа за конечен избор на локација за регионална депонија во централно-источна Македонија. КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: отпад, животна средина, AHP метода, управување, планирање, загадување,рециклирање
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Sladzana Dimiskov |
Date Deposited: | 08 Nov 2012 11:22 |
Last Modified: | 14 Nov 2012 11:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/634 |
Actions (login required)
View Item |