Kovacevska, Ivona (1999) Присуство на жива во плунка и дентин при едносеансна апликација на повеќе амалгамски полнења. Masters thesis, Faculty of Dentistry, University "Kiril and Metodij", Skopje.
Preview |
Text
magisterium.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Организацијата и амалгамизацијата на денталниот амалгам како средство за реставрирање на изгубените тврди забни ткива, во постканиниот сектор, е проследена со елиминација на жива.
Целта на магистерскиот труд беше:
• Да се одреди концентрацијата на ослободената жива во плунката во различни временски интервали, после едносеансна терапија со повеќе амалгамски полнења;
• Да се измери нивото на живата ослободена од старите неполирани дентални амалгами ;
• Да се детерминира присутрната жива во дентинот пд полнењата од дентален амалгам.
За реализација на поставените цели во истражувањето учествуваа 40 испитаници од обата пола на возраст од 20-30 години, без амалгамски реставрации во оралната средина, кај кои се вградија едносеансно по 3 двоповршински амалгамски полнења. Примероците на нестимулирана плунка се земаа пред терапијата со дентален амалгам, и по 30 минути, 2 часа и 48 часа.
Концентрацијата на жива во плунката, ослободена од старите неполирани амалгамски полнења, се одредуваша на 10 испитаници, кои имаа најмалку по 4 реставрации во устата, постари од 1 година.
Присуството на жива во дентинот под амалгамските полнења се мереше на 10 хумани заби 2 дена по поставувањето на денталниот амалгам и на 10 хумани заби после 7 дена.
Резултатите од направените истражувања покажаа дека елиминацијата на жива е најголема во текот на стврднувањето и амалгамизацијата на денталните амалгами: т. е. во првите 30 минути до 2 часа од тритурацијата. На ниво на дентинот живата е присутна после 2 – риот ден и нејзината концентрација опаѓа за трипати после 7 –от ден.
Измерените концентрации на жива во плунката и дентинот се многу мали и далеку од пропишаните лимити и како такво дозволуваат терапија по квандранти, со едносеансно поставување на повеќе амалгамски полнења, без опасност по здравјето на човекот.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 24 Jun 2013 11:37 |
Last Modified: | 24 Jun 2013 11:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6300 |
Actions (login required)
View Item |