Manevski, Strase (2012) Планирање на развој на површинскиот коп на јаглен во функција на геотехничка стабилност на работните косини. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
Text
Straso_Manevski.pdf Download (9MB) |
Abstract
Анализирањето на геотехничката состојба на стабилноста на косините
на откопните блокови дава можност за проценка на сигурноста на тековниот
процес на експлоатација како и планирање на натамошниот развој на
рудниците.
Како еден од главните фактори за проценка на стабилноста на косините
се физичко - механичките својства на карпестите маси. Геолошките,
инженерско - геолошките, хидролошките и климатските карактеристики на
анализираното подрачје и поширокиот регион, условуваат и специфични
хидрогеолошки одлики на просторот. Развојот на површинскиот коп како
техноген фактор, исто така има влијание врз хидрогеолошките одлики и
вкупната проблематика која е предмет на анализа и проучување. Треба да се
истакне дека хидрогеолошката проблематика многу влијае и врз состојбата на
стабилност, така што при опис на геомеханичките параметри, многу е значајно
да се имаат предвид влијанијата од подземните води. Било каква промена на
нивото на подземни води, нивно замрзнување и одмрзнување и слично,
создава нови услови во напонската состојба на карпестите маси и доведува до
појава на нестабилност на косината.
За да се дефинираат условите на експлоатацијата и геометријата на
ископот по одделни фази, направени се и соодветни анализи на стабилноста.
Во анализирањето користени се современи методи за дефинирање на
стабилноста на косините (метода на ламели, Bishop, Spencer и Janbu).
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Sladzana Dimiskov |
Date Deposited: | 07 Nov 2012 18:42 |
Last Modified: | 20 Dec 2012 11:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/601 |
Actions (login required)
View Item |