Методот тандем - алтернативен начин на учење на странските јазици

Koceva, Vesna (2011) Методот тандем - алтернативен начин на учење на странските јазици. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 179-184. ISSN 1857-7059

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_vesna.koceva_Desktop_ZBORNIK 2011.doc] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_vesna.koceva_Desktop_ZBORNIK 2011.doc

Download (64kB)

Abstract

Примената на интернетот во глотодидактиката ги промени традиционалните методи на учење на странските јазици. Денес странските јазици не се совладуваат само со користење на книги, видео или аудио материјали, со писмени вежби и дијалози кои треба да се повторуваат и да се меморизираат, денес благодарение на интернетот се отвори нов свет на безброј можности за учење кои се имплементираат во дидактичка методологија. По првата фаза кога интернет мрежата се сметаше за голема збирка на податоци од целиот свет кои можат да се консултираат, вниманито се насочува кон можностите поврзани со искористувањето на тие податоци на полето на совладување на странските јазици. Интернетот е богат извор на дидактички софтвер и едукативни средства како сајтови специјализирани за учење на странски јазици, речници, дидактички игри, форуми, чат, туторство, видеа, вежби за слушање, статии од он лајн весници, збирки на текстови, аудио снимки од телевизиски вести, социјални мрежи, размена на и-меил, итн., кои студентот може да ги користи за да го научи странскиот јазик. Во овој труд се разгледуваат карактеристиките на методот тандем кој ги искористува предностите од интернетот и му овозможува на ученикот да креира самостоен начин на совладување на странскиот јазик.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Koceva
Date Deposited: 18 Feb 2013 10:39
Last Modified: 18 Feb 2013 10:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5582

Actions (login required)

View Item View Item