Jakimovska, Svetlana (2009) Односите меѓу терминологијата и преведувањето (врз примери од правни текстови на француски и македонски јазик). PhD thesis, Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Text
односите меѓу терминологијата и преведувањето (докторска дисертација).docx Download (49kB) |
Abstract
Терминологијата и традуктологијата се две млади научни дисциплини, кои својот полн развој го доживуваат во втората половина, а особено кон крајот на минатиот век. Иако секоја од нив претставува одделно научно поле, со свој предмет на проучување, тие сепак се тесно поврзани. Таа поврзаност произлегува од фактот што и двете науки го проучуваат јазикот, иако од различни аспекти.
Кога се проучуваат односите меѓу двете дисциплини во литературата најчесто се проучуваат односите меѓу терминологијата и преведувањето, односно придонесот на терминологијата во подобрувањето на квалитетот на преводот. Ваквиот пристап се должи на тоа што терминологијата подоцна се развива како одделно научно поле, а производите на терминолошката работа најчесто се ставаат на располагање на преведувачите. Сепак, мора да се нагласи дека тие односи се двонасочни, па и преведувањето придонесува кон развојот на терминологијата.
Затоа предмет на интерес на оваа теза се односите кои се востановуваат меѓу терминологијата и преведувањето. Нивната анализа би требало да покаже на какво рамниште е развојот на двете дисциплини, со што би се дале и основните одредници за тоа во која насока треба да се развиваат. Од друга страна пак, при анализата на нивните односи се проучува и суштината на постоењето на двете науки, нивната практична примена. Тоа значи дека дисертацијава е насочена кон проучување на терминолошката и преведувачката дејност и начинот на кој тие се надополнуваат.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 20 Feb 2013 13:33 |
Last Modified: | 20 Feb 2013 13:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5580 |
Actions (login required)
View Item |