Miloseva, Lence and Milosev, Vladimir (2012) Ризичнo и импулсивно однесување, депресија кај адолесценти, низ призма на Neuroimaging студии на развој на мозок. Годишен зборник на Факултетот за образовни науки, 8 (8). pp. 95-116. ISSN 1409-9187
Preview |
Text
Neuropsychology Dr.Miloseva & Dr. Milosev 2012.pdf Download (721kB) | Preview |
Abstract
Адолесценцијата е специфичен развоен период во кој постојат социјални и когнитивно развојни предуслови за појава на вулнерабилност за ризични и импулсивни однесувања, и појава на афективни пореметувања, како што е депресијата. Прегледот на литературата и референтните истражувања покажува дека традиционалните невробиолошки и когнитивните објаснувања за однесувањето на адолесцентите не успеале да ги објаснат нелинерните промени во однесувањето набљудувани во адолесценција, кои се поврзани со детството и возрасниот период. Направивме приказ на референтни истражувања од imaging студии со магнетна резонанца (MRI), дифузија тензор imaging (DTI) студии, функционални (fMRI) студии на развојот на човечкиот мозок и однесувањето, neuroimaging студиите и депресијата во адолесценција, со цел да ги објаснеме: нелинерните промени во однесувањето набљудувани во адолесценција, како и неуралните механизми кои се одговорни за тие промени; индивидуалните разлики при оптималното донесување на одлуки и во однесувањето. Наодите од овие студии сугерираат дека за време на адолесценција, за разлика од детството и возрасниот период, постои диференцијален развој на лимбичкиот систем од „ дното према нагоре “(bottom-up), имплициран во мотивационите и емоционалните процеси, па сé до „од врвот према надолу“ (top-down) контролен систем. Овие развојни обрасци можат да бидат поттикнати кај адолесцентите кои се посклони кон емоционална респонсивност, зголемувајќи ја веројатноста за појавување на ризични и импулсивни исходи. Ја нагласивме потребата од нови лонгитудинални neuroimaging студии, кои ќе ја земат предвид развојната димензија.
Клучни зборови: neuroimaging; импулсивно; ризично однесување; депресија; адолесценција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 12:05 |
Last Modified: | 18 Nov 2013 09:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5469 |
Actions (login required)
View Item |