Miloseva, Lence (2012) Когницијата и теоријата за умот кај деца со пореметувања од аутистичен спектар. Воспитание - Списание за теорија и практика 2012/2013, 8 (12). pp. 75-92. ISSN ISBN 1857/5331
Preview |
Text
Vospitanie_2012_Miloseva.pdf Download (493kB) | Preview |
Abstract
Пореметувањата од аутистичeн спектар се развојни пореметувања кои се огледаат во тешкотии во социјалните интеракции и комуникации, како и постоење на стереотипно однесување, интереси и активности. Со оглед дека клиничката слика на пореметувањата од аутистичен спектар варира во степенот на сериозноста и тежината на симптомите, се смета за оправдано да се зборува за спектар на развојни пореметувања. Во овој прегледен труд, ги евалуиравме хипотезите за теоријата за умот во светло на истражувањата кои како предмет на проучување ги имале следните прашања: Дали децата со аутистично пореметување развиваат концепти на теоријата за умот ? Како можеме да објасниме зошто некои деца со аутистично пореметување успешно ги решаваат задачите од теоријата за умот? Дали дефицитите во теоријата за умот се сметаат за големите оштетувања кои ги карактеризираат аутистичните пореметувања? До денес, не е предложена теорија која би ги објаснила сите важни аспекти на аутистичните пореметувања, или пак би била единствена, унифицирана за сите аутистични пореметувања. Земајќи предвид дека во литературата најзастапени се теориите кои пореметувањата од аутистичниот спектар ги толкуваат како дефицит на теоријата за умот, во трудот сe обидовме да ги евалуираме хипотезите на теоријата за умот за аутизмот, со посебен осврт на дефицитите во когницијата.
Клучни зборови: пореметувања од аутистичен спектар; теорија за умот; дефицити; когниција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Lence Miloseva |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 12:03 |
Last Modified: | 18 Nov 2013 09:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5468 |
Actions (login required)
View Item |