Анимација во туризмот

Jakovlev, Zlatko (2010) Анимација во туризмот. Софија - Богданци. ISBN 978-9989-736-74-2

[thumbnail of AnimacijavoTurizmotZlatkoKniga B5 Ariel.pdf]
Preview
Text
AnimacijavoTurizmotZlatkoKniga B5 Ariel.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Анимацијата во туризмот има посебно значење и свои
специфичности. Тоа произлегува од специфичностите на
туризмот, што во различен обем и интензитет опфаќа различни
стопански и нестопански дејности. Со оглед на комплексноста на
анимацијата во туризмот, авторот на книгава не бил во можност
детално да ги расветли сите нејзини аспекти и методологија за
истражување. Аспектите на анимацијата во туризмот авторот
настојувал да ги илустрира врз база на некои истражувања од
одредени домашни и странски автори, како и одредени лични
истражувања. Анимацијата во туризмот во оваа книга се
разгледува како специјалност на стручно образовани и
специјализирани кадри, но, истовремено треба да се апострофира
дека анимацијата не може и не треба да биде професија само на
аниматорот. За ефективно и ефикасно реализирање на
програмите на анимацијата во туризмот, неопходна е тимска
работа во која партиципираат сите членови од туристичкото
претпријатие, а аниматорот е рамноправен член на деловниот
тим. Во тој контекст, како “грижа за посетителот“, анимацијата е
деловна задача и обврска на секој вработен во туризмот кој доаѓа
во контакт со клиентот. Истовремено треба да се нагласи дека
анимацијата не може и не треба да се користи за прикривање на
недостатоците во поглед на квалитетот на услугите, бидејќи тогаш
таа престанува да биде - анимација!

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Zlatko Jakovlev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:26
Last Modified: 04 Feb 2013 15:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5465

Actions (login required)

View Item View Item