Sivevska, Despina (2012) Личноста на наставникот и атмосферата во одделението. Годишен зборник на Факултетот за образовни науки, 8 (8). ISSN 1409-9187
Text
Licnosta na nastavnikot.doc Download (66kB) |
Abstract
Креирањето на позитивна работна атмосфера во класот е еден од предусловите за квалитетно и успешно реализирање на воспитно-образовниот процес. Од квалитетот на работната атмосфера зависи и квалитетот на комуникација и интеракција меѓу учесниците во воспитно-образовниот процес, ставот на учениците кон училиштето, учењето и образованието воопшто, на односите меѓу учениците и наставниците, самите ученици, односите меѓу учениците и родителите, како и меѓу родителите и наставниците. А сето тоа влијае и на квалитетот на наставниот процес и успешноста на воспитно-образовната работа.
Постоењето на позитивна атмосфера во класот зависи од повеќе фактори, а еден од нив е и личноста на наставникот. Квалитетот на самиот наставен процес, комуникацијата и интеракцијата, во голема мера зависат од квалитетот на наставникот, и тоа каков е пред се како личност, потоа како воспитувач, какви стилови на раководење применува, како им пристапува на учениците, колку има разбирање за нивните проблеми и каков став има пред нив.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | улоги на наставникот, идентификација со наставникот, стручна подготвеност, интерперсонални односи |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Despina Sivevska |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 14:40 |
Last Modified: | 04 Feb 2013 14:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5445 |
Actions (login required)
View Item |