Jakovlev, Zlatko (2009) Значење и цели на менаџментот. Економија и бизнис, списание за теорија и практика.
Preview |
Text
Znacenjeicelinamenadzmenttrud.pdf Download (294kB) | Preview |
Abstract
Круцијалната улога или значењето на менаџментот, а со тоа и на менаџерите се состои во тоа што го водат претпријатието кон остварување на целите на најефикасен и најефективен начин. Секоја компанија има одредена цел поради која што постои, а менаџментот ја има таа одговорност да ги експлоатира и да ги комбинира организационите ресурси на најоптимален начин, со што ќе се постигне целта на фирмата. Менаџментот ја придвижува корпорацијата во правец на остварување на целите преку посочување на активностите кои што членовите на претпријатието имаат обврска да ги извршуваат. Доколку таквите активности се во голема мера творечки и креативо детерминирани, дотолку продуктивноста на секој вработен ќе претставува придонес кон остварување на целите на компанијата. Менаџментот настојува да ги мотивира индивидуалните активности кои ќе водат кон остварување на организационите цели, а да ги обесхрабри и оневозможи оние активности кои евентуално ќе попречат во постигнување на целите.1 Поврзаноста помеѓу менаџментот и целите најдобро може да се изрази преку следнава констатација: „Нема ништо поважно за процесот на менаџмент отколку остварување на целите. Менаџментот нема никаково значење одвоен од целите кои треба да се постигнат“.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Zlatko Jakovlev |
Date Deposited: | 03 Feb 2013 11:49 |
Last Modified: | 03 Feb 2013 11:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5433 |
Actions (login required)
View Item |