Marolova, Darinka and Golakov, Kostadin (2011) Колку универзитетските наставници во Македонија се сметаат себе си за компетентни за вршење на високообразовна дејност? Образованието во 21 век - Зборник на трудови од третиот научно-стручен собир со меѓународно учество-Битола.
Text
Konferencija - Bt.doc Download (54kB) |
Abstract
Високото образование во Република Македонија веќе подолго време подлежи на реформи. Во епохата на отворање на заеднички европски високообразовен простор, кога од високообразовните институции се очекува да се зајакнуваат со цел да станат поконкурентни на глобалниот пазар на високо образование, едни од главните носители на овој процес се универзитетските наставници, од чии знаења и способности директно зависи креирањето на идните професионални кадри.
За да се утврди нивото на компетентност на универзитетските наставници во Република Македонија од гледна точка на самите наставници, ќе се спроведе истражување по пат на анкети врз одреден број универзитетски наставници од повеќето универзитети во земјава. Ќе се анкетираат наставници од различни профили, со различно работно искуство и на различна возраст.
Сумираните резултати од целото истражување ќе бидат процесуирани и анализирани и се очекува тие да дадат реална слика за гледиштето на универзитетските наставници во однос на својата компетентност за вршење на високообразовна дејност. На крај ќе се даде сопствено мислење во однос на резултатите од истражувањето како и предлози во прилог на потребата од зголемување на компетенциите на наставниците во високото образование.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Darinka Marolova |
Date Deposited: | 31 Jan 2013 11:50 |
Last Modified: | 31 Jan 2013 11:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5409 |
Actions (login required)
View Item |