Blažev, Krsto and Blažev, Andrej (2012) Перспективни геолошки формации како носители на силициски суровини во Република Македонија. 2 Конгрес на геолозите на Република Македонија; Посебно издание на Geologica Macedonica No 3. ISSN 0352-1206
Preview |
Text
kongres Geologija.pdf Download (575kB) | Preview |
Abstract
Согласно спроведените регионални и детални истражувања и проучувања на силициските суровини на територијата на Република Македонија и нивната компаративност во пошироки рамки со истите во Европа и Светот, во Република Македонија се издвоени вкупно 4 геолошки формации, носители на силициски суровини: Пребајкалски формации, Каледонско-Херцински формации, Алпски формациии, Квартерни формации. Како најстара Пребајкалската формација ги вклучува, главно, силициските суровини поврзани за кристалинот на Пелагонскиот масив, односно најголем дел поврзани за пегматитските жици. Каледонско-Херцинската формација е поврзана, главно, за лабилните рифтогени зони во Западно-Македонската зона (базични вулканити, спилити, дијабази и др.), како и сродните литолошки членови во Вардарската Зона. Овде треба да се посочи уште и формацијата на палингените гранити во Источна Македонија која носи интересни локалности со силициски суровини. Во Алпската формација главните концентрации на силициски суровини се поврзани со продуктивната вулканогено-седиментна дацитско-андезитска формација, а во најмладата Квартерна формација доминираат делувијално-алувијалните седименти.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Krsto Blazev |
Date Deposited: | 31 Jan 2013 11:27 |
Last Modified: | 31 Jan 2013 11:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5327 |
Actions (login required)
View Item |