Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања

Gruevski, Ilija (2009) Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања. Годишен зборник на Правен факултет. ISSN 1857-7229

[thumbnail of Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања.pdf]
Preview
Text
Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања.pdf

Download (401kB) | Preview

Abstract

Едни од најпознатите категории со кои се занимава теоријата за финансиите во процесот на донесување долгорочни инвестициони одлуки се структурата на капиталот и просечната цена на капиталот. Првата од нив укажува на видот на капиталот од којшто структурата на капиталот е составена. Најчесто, се среќаваат три различни типа на капитал кои им стојат на располагање на инвеститорите: заеми и обврзници, обични акции и задржана добивка како и издавањето на преференцијали или приоритетни акции. Сите тие си имаат посебни цени т.е. барани стапки на принос. Втората категорија е просечната цена на капиталот и таа се дефинира како просечна пондерирана цена на структурата на капиталот и посебните цени на одделните видови на капитал.
Целта на овој труд е да се испита дали инвеститорите можат да детерминираат оптимална финансиска политика (оптимална финансиска структура) која ќе резултира со минимална просечна стапка на капиталот, а преку тоа и со максимизација на вредноста на капиталот на фирмата.
Клучни зборови: структура на капиталот, цена на капиталот, просечна цена на капиталот, акции, приоритетени акции, обврзници, оптимална структура, каматна стапка, даночна стапка, даночна заштита.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 31 Jan 2013 11:19
Last Modified: 31 Jan 2013 11:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5319

Actions (login required)

View Item View Item