Mladenoski, Ranko (2012) „Претсказанието“ на Атанас Македонец и еден расказ за Александар Македонски. Велес, XVI (16). pp. 55-61. ISSN 1409 - 6412
Preview |
Text
Pretskazanie na Aleksandar i eden raskaz.pdf Download (180kB) | Preview |
Abstract
Во овој труд разгледуваме две македонски книжевни дела за Александар III Македонски. Станува збор за книгата „Пресказание на Голем Александр“ од Атанас Македонец од 1845 година, како и за еден средновековен расказ за Александар Македонски. Расказот за Александар Македонски се наоѓа во зборникот на В. Груиќ, а го препишал јеромонахот Данило во 1628 година во српска редакција. Преписот, всушност, е извршен од постар зборник со македонска редакција, па според тоа може да зборуваме за македонско книжевно дело за Александар Македонски. Определувањето на оваа творба како апокриф од страна на некои книжевни историчари, сепак, го модифицираме со оглед на фактот што не станува збор за апокрифна литература во вистинска смисла на зборот туку за средновековен расказ или, пак, за легенда. Од прегледот на овие две македонски книжевни дела можевме да се увериме дека во нив ликот на Александар Македонски, меѓу другото, се интегрира и како семема којашто претставува пресек на бројни културни идентитети.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 31 Jan 2013 11:18 |
Last Modified: | 31 Jan 2013 11:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5316 |
Actions (login required)
View Item |