Индустриска електроника

Sarac, Vasilija (2012) Индустриска електроника. ISBN 978-608-4504-64-1.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата е поделена во осум поглавја. Во првото поглавје Вовед е даден
преглед на подрачјето на примена на индустриската електроника и се објаснети
основни поими од индустриската електроника како што се енергетските
преобразувачи и електронските компоненти. Во второто поглавје Енергетски
електронски компоненти е даден преглед и се објаснети активните и пасивните
компонени кои се корстат во индустриската електроника како: отпорници,
кондензатори, диода, SCR тиристор, GTO тиристор, BJT, MOSFET и IGBT
транзистор при што авторот се задржува на основните принципи на работа на
наведените електронски компоненти кои се неопходни за разбирање на
материјалот кој е изложен во останатите поглавја. Во третото поглавје
Исправувачи се објаснети основните принципи на претворување на
наизменичниот напон во еднонасочен и е објаснета работа на еднофазните и
трифазните исправувачи при што е направена една сеопфатна анализа на
исправуавчите и од аспект на нивната управливост односно се преставени
најшироко распространетите споеви на еднофанзите и трифазни управливи и
неуправливи исправувачи. Во четвртото поглавје Инвертори се објаснети
принципите на претворување на еднонасочниот напон во наизменичен и е
објаснета работата на електронските уреди за ваквото претворување на напонот-
инвертори. Нивната работа е илустрирана преку примери на најшироко
застапените инвертори и се разработени конкретни примери на инвертори кои се
призведуваат и наоѓаат примена во индустријата. Во петтото поглавје Насочувачи
објаснети се основните принципи на реверзибилност на исправувачките и
инверторските мостови и примената на насочувачите во управливите
еднонасочни електромоторни погони. Во шестото поглавје Еднонасочни
претворувачи објаснети се принципите на претворување на еднонасочниот напон
во еднонасочен напон со различна аплитуда и се разработени најчесто
застапените шеми на еднонасочни претворувачи. Во седмото поглавје
Наизменични преобразувачи објаснети се принципите на добивање на
наизменичен напон со променлива амплитуда и фреквенција и се разработени
најчесто применуваните шеми на претворувачи на напон и фреквенција како со
еднонасочно меѓуколо така и без еднонасочно меѓуколо. Нивната работа е
објаснета и преку конкретните подрачја на примена. Во осмото поглавје Примена
на енергетските преобрзувачи во управување на електромоторните погони
дадена е една поширока анализа на примената на енергетските преобразувачи во
управувањето на еднонасочните и наизменичните електромоторни погони при што
заради целовитост на излагањето направен е краток осврт на основните принципи
на работа на еднонасочните и наизменичните машини при што се дадени нивните
основни равенства и параметри. Принципите на управување како на
наизменичните така и на еднонасочните електромоторни погони се разработени
етапно со голем број на шеми кои го објаснуваат принципот на работа на
претворувачот како и влијанието кое го има врз работата односно промената на
брзината на вртење на електромоторниот погон.
Скриптата е наменета како наставно помагало за студентите на
Електротехничкиот факултет во Радовиш.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vasilija Sarac
Date Deposited: 03 Feb 2013 12:20
Last Modified: 08 Apr 2015 09:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5294

Actions (login required)

View Item View Item