Основи на логистика

Atanasoski, Drasko and Filiposki, Oliver (2012) Основи на логистика. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4662-06-8

[thumbnail of Osnovi na logistika.pdf]
Preview
Text
Osnovi na logistika.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Процесот на транзиција во Република Македонија, како и во сите останати земји во Централна и Источна Европа, се одвива низ бројни активности.Станува збор за комплетни промени во овие земји преку воспоставување на правен систем кој ќе го олеснува, а не да го кочи дејствувањето на пазарните законитости, почитување на тие законитости со цел да се стабилизира економијата и развие пазарот на капитал, либерализација и дерегулација на стопанските текови, како и структурни реформи за подобри резултати во работењето на сите учесници на пазарот.
Визијата за развој и перспектива на Република Македонија треба да поаѓа од јасно дефинираните и трајно прифатените определби за отворено стопанство подготвено за соработка со економските субјекти на другите земји, особено на соседите, земјите во регионот на балканот и со земјите членки на Европската унија, како и подршка на развојните процеси од државата, но само преку нејзиното индиректно насочување.
Оваа книга е резултат на нашата повеќегодишна научно-истражувачка работа од областа на логистиката.
Во нашата земја, па и пошироко, соодветна литература од областа на логистиката има многу малку. За да се потполни празнина која во нашата литература и практика се чуствува, ја обработивме оваа проблематика во форма на единствен систем под име “ Основи на логистика”.
Во оваа книга се изнесени многу сопствени мислења и гледишта, опфатени се и други автори со соодветни ставови и сите автори се согласни на следново:
1. Теоретски е утврдено местото и значењето на системот на логистиката во системот на општествената репродукција;
2. Дефинирани се поимите логистика и логистичар, со кои во потполност е определена положбата на логистичарот кој се појавува во сите негови стопански функции, а со тоа и него- вата економска положба како организатор на отпрема, допрема и транзит на стоката во логистичките системи.
3. Логистиката се дефинира како сложен и динамичен систем и сл,
Оваа книга го поврзува теоретското и практичното познавање на проблематиката, а со тоа ја прави мошне интересна и корисна. Таа првенствено е наменета за студентите на факултетите кои ја обработуваат темата логистика од било кој аспект, а оваа книга со својот сеопфатен пристап ја прикажува логистиката во целата своја широка застапеност. Книга пред ќе се користи на факултетите, каде посебно се изучува предметот логистика.
Покрај тоа таа е наменета и за широк круг на корисници: акционерски друштва, претпријатија, бизнисмени, граѓани и сл. Со широчината на материјалот и на обработката, книгата е во состојба да ги задоволи и потребите на нашата стопанска оператива во нивната секојдневна практична примена. Таа е усогласена со правилата и принципите на меѓународното општење на економско и правно поле.
Авторите имаат желба да создадат корисно помагало за лица вработени во меѓународната логистика,надворешна трговија и меѓународниот сообраќај за да им помогне на полесен и поедноставен начин да дојдат до определени корисни сознанија и решенија.
Со оглед на тоа што оваа книга е една од најкомплетните публикации од ваков вид во Р.Македонија, корисниците ќе најдат најбрз можен одговор за своите прашања и дилеми на кои наидуваат во логистиката.
Чуствуваме пријатна должност, да им се заблагодариме посебно на рецензентите.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Drasko Atanasoski
Date Deposited: 29 Jan 2013 14:58
Last Modified: 29 Jan 2013 14:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5153

Actions (login required)

View Item View Item