Mitreva, Elizabeta (2009) Проектирање и имплементирање на TQM системот преку тимската работа. Годишен зборник на Правен факултет, 1 (1). pp. 155-170. ISSN 1857-7229
Preview |
Text
8.pdf Download (7MB) | Preview |
Abstract
Примената на новата стратегија на тотален менаџмент на квалитет (Total Quality Management) е поврзана со градење на добар систем за управување со квалитет, примена на статистичка процесна контрола (SPC), анализа на трошоците на квалитет и избор на тимови за реализација на сите дејности, согласно образованието, мотивацијата и способноста на вработените.
Но, за исполнување на светските и европските барања треба да се пристапи кон крупни – радикални промени во решавањето на проблемите, тоа е т.н. реинженеринг. Новиот начин на размислување за причините, а не како досега за последиците, е карактеристика на реинженерингот.
Она што треба да го направи топ менаџментот е формирање менаџерски тимови кои ќе ги прифатат промените и што поскоро ќе се вклучат во тековите на пазарното работење, во кое квалитетот е главен предуслов за освојување на купувачите. Правилата на тимската работа кои се однесуваат на почитување на личностите, карактерите, искуствата, знаењето, ќе доведат до опуштена атмосвера, конструктивен конфликт, креативна тензија и ентузијазам и ќе овозможат новиот пристап кон квалитетот да биде примарен и вграден во секој сегмент на функционирање на претпријатијата, а со тоа и можност за воведување на многу нови пристапи кои досега ги немало.
Клучни зборови: TQM, статистичка процесна контрола, трошоци на квалитет, избор на тимови, реинженеринг, квалитет.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 13:32 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 13:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4962 |
Actions (login required)
View Item |