Проектирање и имплементирање на систем на квалитет преку тимската работа

Mitreva, Elizabeta and Filiposki, Oliver (2012) Проектирање и имплементирање на систем на квалитет преку тимската работа. In: Современите менаџерски предизвици и организациските науки, Битола.

[thumbnail of ZBORNIK+-+BETI.splitted-and-merged(1).pdf]
Preview
Text
ZBORNIK+-+BETI.splitted-and-merged(1).pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Примената на новата стратегија на тотален менаџмент на квалитет (Total Quality
Management) е поврзана со градење добар систем за управување со квалитет, примена на
статистичка процесна контрола (SPC), анализа на трошоците на квалитет и избор на тимови за
реализација на сите дејности, согласно образованието, мотивацијата и способноста на
вработените.
Но, за исполнување на светските и европските барања треба да се пристапи кон крупни
– радикални промени во решавањето на проблемите, тоа е т.н. реинженеринг. Новиот начин на
размислување за причините, а не како досега за последиците, е карактеристика на
реинженерингот.
Она што треба да го направи топ менаџментот е формирање менаџерски тимови кои ќе
ги прифатат промените и што поскоро ќе се вклучат во тековите на пазарното работење, во кое
квалитетот е главен предуслов за освојување на купувачите. Правилата на тимската работа кои
се однесуваат на почитување на личностите, карактерите, искуствата, знаењето, ќе доведат до
опуштена атмосфера, конструктивен конфликт, креативна тензија и ентузијазам и ќе
овозможат новиот пристап кон квалитетот да биде примарен и вграден во секој сегмент на
функционирање на претпријатијата, а со тоа и можност за воведување на многу нови пристапи
кои досега ги немало.
Клучни зборови: TQM, статистичка процесна контрола, трошоци на квалитет,
избор на тимови, реинженеринг, квалитет.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Jan 2013 11:50
Last Modified: 23 Jan 2013 11:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4891

Actions (login required)

View Item View Item