Dimitrova, Janka (2012) Одговорноста на сметководителите, менаџментот и ревизорите за веродостојноста, квалитетот и кредибилитетот на финансиските извештаи. In: Конвергенција на основите на финансиското известување во услови на економска криза и позиционирање на сметководствената професија во рамките на овој процес, 15-17.11.2012, Сојуз на сметководители на Република Македонија, Струга.
Preview |
Text
ОДГОВОРНОСТА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ, МЕНАЏМЕНТОТ И РЕВИЗОРИТЕ.pdf Download (786kB) | Preview |
Abstract
Во услови на слободното движење на стоки, капитал, работна сила, информации и др., светот станува место кое нуди неограничени можности за раст и развој на мултинационалните компании и светската економија воопшто. Во глобализираниот пазар, капиталот се сели во потрага по се поефтини ресурси и работна сила, а се со цел максимизирање на профитот. Најбитен услов за да се донесе одлука за инвестирање или селење на капиталот е да се располага со информации врз основа на кои инвеститорите ќе носат квалитетни одлуки.
Улогата на глобален информатор ја имаат финансиските извештаи кои подготвени според општоприфатената рамка за финансиско известување според Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните стандарди за финансиско известување, нудат унифицирани информации во сите земји во светот. Менаџментот и сметководителите се одговорни за вистинитоста и точноста на презентираните информации во финансиските извештаи, додека пак со ревизијата на финансиските извештаи и изразеното ревизорско мислење се потврдуваaт тврдењата во финансиските извештаи и се подига кредибилитетот на истите.
Перманентно се чувствува потребата од подигање на образовното ниво на сметководителите и менаџментот за да се минимизираат можностите од измами и грешки и смислено или случајно неетичко однесување.
Клучни зборови: глобализација, финансиски извештаи, информации, одлуки, сметководител, менаџмент
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Janka Dimitrova |
Date Deposited: | 23 Jan 2013 14:42 |
Last Modified: | 23 Jan 2013 14:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4867 |
Actions (login required)
View Item |