Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Mirakovski, Dejan and Peltecki, Dragi and Petkovski, Ljupco and Vitanov, Stojan (2010) Oсновен проект за надвишување на хидројаловиштето бр.3, фаза II, на Рудник Саса ДООЕЛ– М.Каменица, од кота 960 м.н.в. до максимално можно ниво, за годишно производство од 900,000 t руда. [Project]
Preview |
Text
Project 5 OP sasa_max 3.2-ekologija_1.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Хидројаловиштето на рудникот Саса во М. Каменица служи за одлагање на
флотациската пулпа (јаловина) добиена со технолошкиот процес на
флотација на минералите олово и цинк. За одлагање на новите количини на
јаловина во идниот експлоатационен период на рудникот, кој се планира
после 2010 година, потребно е да се изготви комплетна техничка
документација (Основен проект, дополнителни Студии и Изведбен проект)
според Законот за градење на РМ, за надвишување на јаловиштето бр. 3 од II
фаза од кота 960 м.н.в. до максималното можно ниво. Со проектната
документација треба да се исполнат следниве цели:
(1) Да се идентификуваат сите промени на моментната состојба на
изграденост на јаловиштето, споредено со Изведбениот проект за
јаловиштето бр. 3 од II фаза на кота 960 м.н.в., изготвен во 2006 година.
(2) Да се уточнат и комплетираат топографските, геотехничките и хидро-
лошките податоци, неопходни за изработка на предметнава проектна
документација.
(3) Да се иновираат хидролошките, хидрауличките, и конструктивните
(статички и динамички) анализи, за потврдување на сигурноста на
објектите, со примена на современи методи, во согласност со важечките
стандарди, соодветни за објекти од овој вид.
(4) Да се испита и определи максималното можно надвишување над котата
960 м.н.в., од аспект на природните теренски, геолошки и
хидрогеолошки услови, како и од аспект на интеракцијата со
изведените објекти.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 15:18 |
Last Modified: | 04 Feb 2013 15:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4789 |
Actions (login required)
View Item |