Месечен извештај (01.01 – 31.01.2010) за оскултација на браната на флотациското јаловиште на рудникот „САСА” - М. Каменица

Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Krstev, Aleksandar (2010) Месечен извештај (01.01 – 31.01.2010) за оскултација на браната на флотациското јаловиште на рудникот „САСА” - М. Каменица. [Project]

[thumbnail of Project 3 Mesecen_izvestaj-01.2010.pdf]
Preview
Text
Project 3 Mesecen_izvestaj-01.2010.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Јаловиштето на рудникот „Саса” во М. Каменица служи за одлагање на флотациската
јаловина (пулпа) добиена со технолошкиот процес - флотација на минералите на олово и цинк.
Флотациската јаловина преку пулповод гравитационо се доведува до јаловиштето, каде што
пред депонирањето се класира на два производа. Со хидроциклонирање на флотациската
јаловина, пред депонирањето се добива: песок од хидроциклонот, со кој, со природно одлагање,
се изведува низводната брана на јаловиштето, и прелив од хидроциклонот, со кој се заполнува
таложното езеро на јаловиштето. Според Изведбениот проек за хидројаловиште “САСА” – М.
Каменица за II фаза до кота 960 мнв, изработен од страна на Градежен гакултет – Скопје во Јуни
2006 г., низводната брана од песок на јаловиштето е предвидено да се насипува во влажна
состојба, во слоеви од 2.5 м, со широчина во круната од 5.0 м, и со наклони на косините -
возводна м1 = 1.5 и низводна м2
=
2.75, со надвишување од 2.0 м над таложното езеро.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:20
Last Modified: 04 Feb 2013 15:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4787

Actions (login required)

View Item View Item