Krstev, Boris and Krstev, Aleksandar and Golomeov, Blagoj (2008) Влијание на животната средина влијание на животната средина во Флотациско хидројаловиште. [Project]
Preview |
Text
OBUKA3.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Минералните суровини се природни минерални материи од органско или неорганско потекло кои при
современиот развој на техниката и технологијата можат економично да се користат во природна состојба или
после одредена подготовка и преработка. Најголем дел од минералните суровини се составени од повеќе
минерални компоненти, кои можат да бидат корисни и некорисни. Минералната технологија има задача да врши
подготовка на минерални суровини, односно да изврши одделување на корисните и некорисните минерални
компоненти од рудната маса.
Минералната технологија во основа се отстварува преку следните три основни операции:
- механичко ситнење (дробење и мелење);
- класирање;
- концентрација на разнородни минерални компоненти во соодветни производи: концентрати
(комерцијални производи) и отпадок (јаловина).
Во современата пракса на минералната технологија се користат повеќе методи на концентрација,
од кои кај металичните минерални суровини најзастапена е флотациската концентрација. Оваа метода за
одделување на корисните од некорисните минерални компоненти ја користи разликата во физичко - хемиските
особини на минералните површини на иситнетата маса. Одделувањето се врши во флотациски пневматски -
механички машини на претходно подготвена флотациска пулпа. Флотациската пулпа се состои од три главни
фази: цврста (минерални зрна), течна (вода) и гасовита (воздух). Кон овие фази се додаваат и одредени
реагенси за регулирање на пХ вредноста на пулпата, активирање и колектирање на едни или депримирање на
други минерални зрна, создавање пена и сл.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 15:13 |
Last Modified: | 04 Feb 2013 15:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4779 |
Actions (login required)
View Item |