Krstev, Boris and Golomeov, Blagoj and Golomeova, Mirjana and Mirakovski, Dejan (2008) Влијание на животната средина во Погонот на Флотација. [Project]
Preview |
Text
OBUKA2.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Флотациската концентрација се заснива на многубројни физичко-хемиски појави во
флотациска пулпа, особено на и близу граничните површини помеѓу трите фази: цврста
(минерални зрна)-течна (вода) - гас (воздух).
Во основа самиот процес опфаќа: во флотациска машина, благодарејќи на претходна
подготовка на флотациската пулпа (регулирање на рН на средината, активирање и
колектирање на едни или депримирање на други минерални зрна, намалување на
површинскиот напон на граничните површини вода-воздух) разнородните минерални зрна
различно се однесуваат. Колектираните минерални зрна, имајќи хидрофобизирана
(некваслива во вода) површина прилепуваат за диспергираните меури, додека
неколектираните (минерални зрна со хидрофилна или хидрофилизирана-кваслива во водаповршина) тоа не можат да го направат. Како последица на тоа првите создаваат
комплекси: минерални зрна-воздушни меури или минерализирана пена на површината
(откако поради својата помала густина од густината на пулпата ќе испливаат) додека
вторите задржувајќи се во пулпата, заедно со неа се одведуваат од флотациската машина.
Со цел од минерализираната пена да се отстранат механички вовлечените
неколектирани или сраснати минерални зрна (квалитетот на концентратот да е
повисок), таа се упатува на пречистување, додека отокот од флотациската машина, со цел
да не се изгубат механички вовлечените колектирани или сраснати минерални зрна
(губитокот на крајниот отпадок да е помал) на контролно флотирање.
Крајниот концентрат (производ од корисни минерали) може да биде мономинерален
или полиминерален, зависно од тоа дали флотацискиот процес е селективен или
колективен.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Krstev |
Date Deposited: | 04 Feb 2013 15:11 |
Last Modified: | 04 Feb 2013 15:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4778 |
Actions (login required)
View Item |