Анализа на фудбалската лексика во италијанскиот јазик со посебен осврт на заемките

Markoska, Nadica (2012) Анализа на фудбалската лексика во италијанскиот јазик со посебен осврт на заемките. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје.

[thumbnail of Магистерски труд.docx] Text
Магистерски труд.docx

Download (43kB)

Abstract

Апстракт: Фудбалот е најпопуларниот и најпрактикуван спорт во Италија, дел од италијанската култура и италијанското секојдневие. Тој претставува еден општествен, економски и лингвистички феномен: има своја посебна лексика која ја употребуваат оние кои се занимаваат со овој спорт, милиони фанови ширум Италија, но исто така не е непозната и за оние кои не пројавуваат посебен интерес за фудбалот затоа што тие живеат во такво опкружување каде постојано се зборува на тема фудбал.
Во фудбалската терминологија се користат термини од разни науки, а исто така голем дел од фудбалските термини навлегле и во употреба на секојдневниот јазик.
Модерниот јазик е мешавина од странски изрази, дијалекти, кратенки, зборови од разговорниот јазик употребени во сосема поинакво значење, неологизми, видоизменети зборови и сл. Искуствата покажуваат дека да се познава и да се научи еден странски јазик, не значи само да се совладаат граматичките правила и лексичкото богатство регистрирано во речниците, туку значи да се научи да се користат на соодветен начин различните регистри на тој јазик, да се развијат комуникативните способности во социолингвистичка и прагмалингвистичка смисла.
Предмет на проучување на овој труд се лексичките единици во италијанската фудбалска терминологија со посебен осврт на заемките од англискиот јазик.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 21 Jan 2013 15:25
Last Modified: 21 Jan 2013 15:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4708

Actions (login required)

View Item View Item