Организираниот педагошки процес влијае на развојот на музикалноста и општиот развој на детето

Petrova Gjorgjeva, Emilija (2011) Организираниот педагошки процес влијае на развојот на музикалноста и општиот развој на детето. Годишен зборник 2011, 2 (2). pp. 105-119. ISSN 1857-7296

[thumbnail of Влијанието на организираниот педагошки процес врз музикалноста и општиот развој на детето.doc] Text
Влијанието на организираниот педагошки процес врз музикалноста и општиот развој на детето.doc

Download (135kB)

Abstract

Имајќи ги предвид теориите на педагошкиот развој на личноста, квалитативните нивоа на развој во педагошкиот процес на делување, како и аспектите на педагошкото делување во процесот на развој и оспособување, во овој труд се осврнавме на откривањето и развојот на музикалноста кај децата, како важен сегмент во воспитанието и образованието на секое дете.
Историските податоци го откриваат влијанието на музиката врз личноста како важен феномен во сите цивилизации.
Во овој труд ќе дадам осврт на историските сознанија и ќе ги проанализирам истражувачките искуства со цел аргументирано да ја потврдам тезата:
Раното откривање и развој на музикалноста кај децата е од големо значење за развојот на детската личност.
Развивањето на музичките способности (слушање музика, музичка перцепција, естетско проценување, музички вкус), посредно и значајно влијаат на општиот развој. Музичкиот развој влијае на развојот на когнитивните способности: интелигенција, когнитивна комплексност, креативна способност, способност за читање, социјална интеракција и др.
Бројни научници се занимавале со влијанието на музиката на развојот на детето, а добиените резултати се импозантни.
Истражувачи, музички психолози и музички педагози, различно ги дефинираат поимите: “музикалност“, “музички способности“, “музички слух“, “музички талент“, “музичка интелигенција“. Но сите тие поими во нивното фундаментално значење, од аспект на поседување одреден степен на развиеност на вродени и стекнати способности за специфични сетилни елементи се поврзани со музичката уметност која директно влијае на развојот на физичките и карактерните особини на личноста.
Музичкиот потенцијал како вродена особина кај секоја личност е различен. Начинот на испитувањето на музичките способности е важно прашање во музичката педагогија. Уште во најраната детска возраст потребно е тој потенцијал да се согледа и открие. Преку соодветни инструменти за мерење на степенот на развиеност на чувството за интонација и ритам и организирано педагошкото влијание низ систематизиран воспитно-образовен процес, значително ќе се придонесе во интензитетот и квалитетот на развојот кај децата. За да се постигне таа цел, потребен е сериозен пристап кон оваа проблематика не само во семејството, туку и кај воспитно-образовниот кадар, во институциите кои се одговорни за згрижување, воспитување и образование на најмладата популација во едно општество.

Клучни зборови:
Педагошко влијание, аспекти, фактори, значење, музичка интелигенција, музички талент, музички способности, семејство, училиште.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Педагошко влијание, аспекти, фактори, значење, музичка интелигенција, музички талент, музички способности, семејство, училиште.
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Emilija Petrova Gorgeva
Date Deposited: 25 Jan 2013 15:10
Last Modified: 25 Jan 2013 15:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4550

Actions (login required)

View Item View Item