Stojanovski, Bobi and Ruskovska, Tatjana and Efremova, Stanka and Lazarevska, A. N. (2012) Одредување и значење на ПСА-дензитет кај пациенти со хиперплазија на простата. In: V-ти конгрес и 40-ти октомвриски средби на Сојуз на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Македонија, со меѓународно учество, 03 – 07 октомври 2012, Охрид.
Text
Зборник на апстракти.doc Download (9MB) |
Abstract
Цел: Со определување на серумските вредности на ПСА и волуменот на простата, формиран е индексот на густина на ПСА во 1ccm простатично ткиво, ПСА – дензитет. ПСА – дензитетот претставува однос меѓу вредноста на ПСА во ng/ml, одредена во серум и волуменот на простата во ccm, одреден со трансабдоминална ехотомографија на простата, и се изразува во ng/ml/ccm.
Материјали и методи: Во студијата се вклучени 125 пациенти – испитаници што се јавиле на прв преглед во Клиниката по хируршки болести "Св Наум Охридски"- Скопје, каде е работена оваа студија.Сите пациенти се жалеле на тегоби поврзани со долниот уринарен тракт и се на возраст над 45 години. На истите им се одредени вредностите на ПСА во серум, волумен на простата и ДРЕ. Анализите во Клиничко био-хемиската лабораторија се изведени на автоматски анализатор IMMULITE 1000 Chemiluminiescent Tehnology, Simens diagnostics.
Резултати: Просечната вредност на ПСА – дензитетот кај пациентите со бенигна хиперплазија на простата изнесува 0.18 ng/ml/ccm а стандардна девијација 0.16 (0.18 ± 0.16).
Најголем број на пациенти со вредности на ПСА – дензитет се со вредности од 0 до 0.10 ng/ml/ccm или вкупно 47 пациенти, што претставува 43,5% од групата. Додека најмал е бројот на пациенти со вредност на ПСА – дензитет, со вредност поголеми од 0,46 ng/ml/ccm, или изразено во број 6, што пак претставува 5,6% од испитуваната група.
Заклучок: Одредувањето на ПСА – дензитетот се користи за релативен придонес на бенигна хиперплазија на простата во покачените нивоа на ПСА. Вредност помала од 0.10 ng/ml/ccm сугерира на бенигна хиперплазија на простата, а вредност поголема од 0,15 ng/ml/ccm на карцином на простата. Специфичноста на ПСА – дензитет во оваа студија изнесува 61.1%, сензитивноста 100% а позитивната предиктивна вредност изнесува 22.2%.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 26 Dec 2012 14:40 |
Last Modified: | 26 Dec 2012 14:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4285 |
Actions (login required)
View Item |