Загадување на подземните води

Mircovski, Vojo (2012) Загадување на подземните води. Makedonsko rudarstvo i geologija-Informativno-strucna revija (22). ISSN 1409-8288

[thumbnail of 17 Zagaduvanje na podzemnite vodi Mak Rudarstvo i geologija.pdf]
Preview
Text
17 Zagaduvanje na podzemnite vodi Mak Rudarstvo i geologija.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Интензивниот развој на урбаните центри, индустриското и земјоделското производство и размената, како и порастот на животниот стандард на луѓето, нужно го следи се поголемото производство на тврди, течни и гасовити отпадни материи. Тврдите и течните отпадоци главно се одлагаат на површината на земјата, се закопуваат во земјата или се испуштаат во површинските води и во подземјето. Со текот на времето нивниот поголем дел се разложува и се претвара во супстанции со едноставен хемиски состав. Растворливите материи меѓутоа од водата се носат широко во просторот. Современото земјоделско производство е незамисливо без масовна примена на различни агротехнички хемиски средства. Дел од тие средства ги трошат растенијата, но еден дел влегува во земјата како и во површинските и подземните води. Секојдневно сме сведоци на бројни несреќи на патиштата, при кои доаѓа до излевање на нафтените деривати од резервоарите на возилата, или пак до излевање на течните хемикалии кои се превезуваат. Често се случуваат и различни оштетувања на индустриските постројки и инсталациите при кои исто така може да дојде до истекување на опасни и несакани материи во животната средина. Таквите случаеви се последица на лошото проектирање, неквалитетната изградба и опремување на објектите или на невниманието и немарноста на луѓето.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vojo Mircovski
Date Deposited: 21 Dec 2012 09:00
Last Modified: 10 Jun 2013 13:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4197

Actions (login required)

View Item View Item