Panova, Gordana (2010) Комуникациски вештини. ISBN 978-608-4708-94-0.
Full text not available from this repository.Abstract
Предметот комуникациски вештини има за цел да ви помогне успешно да соработувате со другите луѓе, да научите да ги толкувате симболите на јазикот на телото (гестовите, мимиките, движењата) и вербалните искази, да дознаете дали соговорникот ја зборува вистината или едно мисли, а друго зборува.
Изучувањето на комуникациските вештини денес станува потреба во здравствената пракса и работа во здравствените установи и надвор од нив, како и односот на здравствените работници меѓусебно и со пациентите.
Комуникациската вештина е значајна за луѓето. Комуникациските вештини можат да бидат вербални и невербални. Невербалната и вербалната комуникација се процеси на примање и испраќање на вербални и невербални пораки, процеси на воспоставување соработка и процеси на воспоставување на емоционални трансфери меѓу луѓето што меѓусебно комуницираат. Имено, воспоставувањето на блиски контакти, искрената комуникација без социјални маски го хуманизира човекот, придонесува секој човек правилно да ја разбере суштината на човековото битисување и создава можност за самоосознавање на човекот надминување на отуѓеноста и чувството на отфрлениот. Со стекнување на знаења од областа на комуникациските вештини, поединецот ќе може да стекне доверба во другите луѓе како и доверба во самиот себе, да биде задоволен со себе си и сопствените способности, талентот и умешноста на воспоставување добри меѓучовечки односи.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Panova |
Date Deposited: | 21 Dec 2012 11:42 |
Last Modified: | 09 Apr 2015 09:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4141 |
Actions (login required)
View Item |